Здраво, мене торбицата веќе ми е спакувана. Внатре ставив: - спавача и наметка - голема и мала крпа - од прибор ќе додадам: четка и паста, антиперспирант, гел за туширање, минимални шминки, чешел, стегач, огледалце - кломпи - домашни папучи има ли потреба? - чорапи, маица за секој случај - гаќи и градник за доење - мобилен и полнач - влошки за гради - лимон со вода и чоколадо - влошки Вир - влажни марамици Виолета - документација: здравствена книшка и мајчина, крвна група, резултати од брисеви и крв немам тоа ми е во картонот кај матичната - пелени Памперс 1 ца, 40 бр има во пакувањето мене колку ќе ми требаат? - павловичева оригиналната и јекодерм - 2 тетра пелени Облеката за мене и за бебето, заедно со кебето и транпортерот ќе ми ги донесе мм последниот ден. Прашањето ми е што од овој список треба да понесам при приемот во болница? Дали дозволуваат вака цела торбица или? Конкретно за болницата во Кочани прашувам?
Мислам дека некои работи ке ти се вишок,мое мислење.. Шминки не носам сакам да сум чиста за бебе оти може ке го допрам до лице,раче,главче на пример..собни папучи исфрлив оти во нашата болница е претопло нема да ми требаат, имам кратки чорапи и папучи обични што можам да се туширам со нив. А и таму даваат +пластични. Маица сигурно нема да ти треба, сите се во спаваќи, заради доење, ѓаќи ако се криеш да носиш инаку не е дозволено да се носат..документација ке си земеш, евентуално после мм ти да оди да ги зима да ги донесе..книшка мора секако, брисеви последни е битно да однесеш одма оти ако имаш ифекција неможе природно да те породат..извод од венчани копија ке ти треба да го запишат бебето одма и л.к Памерс ти е доста едно пакување ако се задржите повеќе денови во болница па зафали ке ти донесат, и јекодерм мислам нема за таму да ти треба ама се е ствар избора. Најубаво прашај некоја бабица,докторка од болницата што да си земеш задолжително што е.. Мене така ми направија список во кој има и топломер а мене немало да ми текне да донесам..не знам кај вас како е секаде различно
јас дури книга за читање си ставив. освен средствата за хигиена ништо друго не ти треба. И јас се изназедов а ништо не извадив од торбица. Сем спаваќа зашто мојата беше долга и ми пристудуваше во тие од болницата.
И јас сум спремна, мислам За мене : - Крпа голема и мала - папучи - пластични влечки - влажни марамици - прибор за лична хигиена - чорапчиња, гаќи за една употреба, нормални гаќи - слушалки и полнач - документација (брисеви, упат, венчаница, кр.група, лични карти) За бебе: - влажни марамици - павловичева - памперс, само колку ке ми требаат знае некој да не носам 40 За на крај: Облека за бебе и мама знам што би било само да спакувам и толкуууу Дали пропуштам нешто? Некој да ме поправи
Еј да влошки 3 пак имам ама две ке носам па ако треба ке ми ги донесат а чепчиња јас колку што знам за во Чаир не требаат
За тебе Влечки Мал и голем пешкир Сапунче, четка и паста за заби Влошки 2-3 пакувања Влажни марамици Влошки за гради (јас ги лепев на спаваќата) Гаќи Полнач за мобилен Вода за пиење За бебе Пелени Влажни Крема за газето Облека за излегување ќе ви донесат на денот и чевли за тебе, јас мм 3 пати го потсетував
Спаваќа таму даваат, после пораѓај ако сакаш можеш да си облечеш твоја ако носиш, а за влечки најубаво е пластични/гумени за да се тушираш со нив, ако си зимурлива земи си и чорапчиња иако таму е жешко.
Спаваќа од таму ќе ти дадат,во секој момент ќе ти дадат чиста кога ќе ти биде потребна. Папучи мене мм од дома ми ги донесе собните па после го фрлив. Јас немав ништо спремно бидејки ептен ме фати неспремна,му се брзаше на малиот Мм све ми спреми и ми спакува. Памперс малп пакетче тие таман бидејки и нивни им ствааат. Со кремче они не ти го мачкаат,во соба кога ќе си го пресоблекуваш ти ќе си го мачкаш. И земи убава крема со цинк бидејки газињата им се лом првите денови.
Памперси земи си мало паковање, ако има потреба за повеќе ќе ти донесат, секако ќе добиеш рекламни пакетчиња од Виолета, Памперс и Бекутан па ќе можеш и тие да ги искористиш. За бебето не ти требат влажни марамици, во Чаир не даваат бебињата со влажни да се бришат
Памперс јас носев од оние пакувања што имаат 40 или 45 не знам како беа ме мрзи да станам да видам сега, како и да е од тоа пакување пола потрошив а 1 недела бевме во болница. По математика на мед.сестра ти треба 6 пелени за 24сата.