Чисто со чиста постелнина,телевизор и ептен шарени џиџани ѕидови. Јас бев неколку саати и во апартман и не се ралзикува воопшто од обичната соба,само посетите нели. Уште да ти се погоди и цимерката како мене ќе биде одлично. Ептен ни беше убаво си се најдовме зборливки двете. Филмови се утепавме гледање навечер
Да ве прашам за во болница само оригинал памперс ли може да се користи или даваат и други марки на пелени? Какви користевте вие? И кој број 1 или 2?
Во Сара фешн има за доење спаваќи? Јас не сум начекала, но ако е обична те советувам да си земеш за доење, не обична. Непрактично е да дигаш цела спаваќа за да доиш.
Не срце оваа е со копчиња до под гради.Но ми рекоа во Гак да не земам спаваќа.Они ќе ми дале имале сега плус и нови и нивните биле специјални за доење.Ми рекоа освен влошка со мрежа килоти за една употреба не дозволуваат без разлика дали си царски или природно. Фала што ме мислиш,праша мм се некни.Дури и ги гледавме собите и апартманите и ми се свиѓаше.
Јас спремив тоа што советувате. Станував синоќа во сред ноќ ми текна стегач дека не ставив па да го брцнам во торбата тогаш сигурно ќе го заборавам. Уште папучи некои ми фалат ама ќе земам од пазарче, најобични, гума, да не се лизгаат. Па после ќе ги фрлам.
А во ГАК пуштаат сопругот да присуствува на пораѓај? Јас дека прва бременост ама ниишто не знам што се дешава по болнициве
Јас мислам дека ни порано не пуштале само филмови прават, до денес не најдов некој сопруг што присуствувал на пораѓај, од толку луѓе што ги познавам. Па и не е ни неопходен да присуствува, докторот е најважен да е присутен ))
На @Bella* мажот мислам присуствувал има пишано по темите. Мојов сака ама во нашиот град не дозволувале
Мене ми рекоа може ,ваљда не ме лажат.Ама у право си,што ќе ни е. Тргам од себе сама,јас не би можела да издржам да гледам некој да се пораѓа ма ни крв од вена да му вадат.Одма пупунец доле ќе бидам Ма само доктор ти треба и среќа богами
Јас имам огромна желба да биде со мене, не ме интересира он што мисли по тоа прашање. Ама не знам дали во Чаир ќе го пуштат. Не верувам. Како што знам не ги ни гледаат бебињата. До сега на секој преглед бил (и сега во Чаир) а на ГАК за првиот скрининг не го пуштија, само таму.