Во Чаир не пуштаат, не ни може некој да стигне до собите. Јас лани се породив и им го покажував бебето низ прозор, моиве се снајдоа да влезат од задна страна кај што и бев па си напраивме и малце муабет
Во Чаир ако си во апартман ќе го пуштат да присуствува ако сака тој нели нормално.. (јас се породив пред 4ипол месеци) Мојов сакаше премногу и го праша докторот и му дозволи без проблем И нема од што да паѓа во несвест (освен ако неможе да поднесе крв) сепак е најубаво чувство на свет да си го видиш детето како ти пристига на свет Мнг бев среќна што беше до мене мм,да не ме охрабруваше така може и немаше да се породам за 20мин
Дозволуваат во Чаир маж на пороѓај, имаат посебно одделен бокс за тоа но мора прво согласност од шефот на одделение. Јас побарав, рекоа нема проблем само да дојде шефот и прашај го (д-р Кировски беше), арно ама немаше време да го дочекам шефот Маж ми важно чекајќи во ходник долу да добие дозвола да влезе, доби информација дека сум се породила.
Како тазе породена на ГАК еве мое искуство: За во предродилна и родилна сала: -тоалет хартија -шишенце со вода -мрежасти улошки (особено ако не ви е пукнат водењак) -мобилен За после пораѓај (торбицата ќе ја предаде на оддел ваш близок одкако ќе се породите и ќе ве сместат во соба): -влажни марамици -мрежасти улошки -хартиени гаќи (мене ептен ми завршија работа и топло ги препорачувам) -прибор за лична хигиена -мал и голем пешкир -папучи -од спаваќи и постелини нема потреба, секогаш кога ќе побарате ќе ви дадат чисти -полнач и мобилен -чашки за пиење, јас си носев и лажица и виљушка (таму за ручек носат само лажица и ти ја зимаат одма после јадење) Имајте во предвид дека храната не е многу обилна па ќе ви биде потребно нешто дополнително за глодање и мноооооогу течности За бебе (моето е во инкубатор, но од она што гледав кај останатите): -влажни марамици -пелени -крема за газе доколку сакате да користите кога сами менувате пелена -тетра пелена Додека престојувате во болница таму си го облакаат бебето со нивна облека. За искачање од болница облеката ја носат вашите блиски кога ќе дојдат да ве земат. Се надевам колку толку ви помогнав. Со лесно мешиња!
Те оставија со тел во породилна сала? Кога читав што може од листата која е закачена на прием - стои дека не смее. Иначе каде купи влошки со мрежа и хартиени гаќи? Поздрав
Да, сите што беа во моментот со мене таму имаа телефон во нив, со тоа што некои сестри дозволуваат да го користиш во предродилна, некои не. Мене ми се погодија тие што дозволуваат. Улошки има во секоја аптека, јас искористив 3 пакетчинња ама не крварев многу. Во секој случај се потребни и задлжителни без разлика дали пораѓајот е природен или со царски. Гаќички јас земав од Енци Менци, ама слушнав дека има и во ДМ.
Ај поскоро породени во Чаир кажете што да се спакува. Две познанички кои скоро се породија таму ми кажаа дека освен ВИР ништо друго не носеле,се од таму им дале. Тука гледам неодамна списоци сте пишувале. Не знам што да спремам сега
Mislam deka e individualna zelba. Mene mi kazaa deka imaat se tamu ama mozes da si doneses pampers takvi stvari Pred nekoe vreme drugarka se porodi tamu i barale samo vlazni maramici i pavloviceva.
Има ли некоја велешанка да сподели искуство што се понела во велешката болница за породувањето? Засега имам спремено за мене: наметка, спаваќа, мала и голема крпа за бањање . четка и паста за заби, сапун, две пакувања влошки и три пара гаки за секој случај. За бебушко имам три комплети бенкици со ѕиврички и чорапчиња, ракавички, бањарче, тетра, памперси, павловичева , влажни и сапунче. Нешто друго дали треба да се додаде?
Дали има некој што се породил во охрид да сподели што е потребно за таму? Јас можам се да си земам само да не ми е за џабе носење.
Што се е потребно за породување во Чаир? За мене, за бебето? Да напоменам ќе се пораѓам царски(ако тоа има врска).
Спакував мало куферче, од најмалите, дали има шанси да ми прават проблем? Ни една тобра не ме собира, а не носам многу ствари, а и по практично ми е куферче.
Нема да ти прават проблем цимерките имаа по огромни торби. Како ти е најдобро така прави, не менува дали е торба или куферче важно е да имаш тоа што ти треба со лесно
Ако си на патолошка е со тебе, кога одиш на бокс се останува во соба па после пораѓај ти го носат во соба со останати ствари