1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што да се спакува за во болница?

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 27 август 2012.

  1. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Некоја скоро породена на ГАК да ми каже што треба да спакувам за во болница и за мене и за бебе сега како влегов во 9ти некако се повеќе паника ме фаќа
     
  2. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    За во државни болници треба влошки, средства за лична хигиена и за бебе памперс, шампон и топломер
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.159
    Допаѓања:
    18.264
    За бебе шампон и топломер?
    Прв пат слушам.:^)

    Јас планирам да се пораѓам на ГАК, за мене спремив:
    Пешкир голем и мал,влошки со мрежа, купка,четка и паста, чешел ,стегач, чорапи, влажни, тоалет, пластична чаша, папучи/апостолки и кога ќе дојде моментот ќе пикнам уште полнач за мобилен.
    Некои овде пишуваа за бисквити, вода, би понела и тоа.

    За бебе спремив влажни, павловичева, памперс и тетра пелена.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Јас се пораѓав во ку во болница, ми кажаа да си однесам :)
     
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.159
    Допаѓања:
    18.264
    Боже господе и кревет од дома да не треба да однесеме|(
    Ај и за купка ќе разберам,ама топломер бе:^) во болница да носиш(facepalm)
     
    На Larahappy и Biny им се допаѓа ова.
  6. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Колку тетра ќе носиш? И колку пакетчиња вир?
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.159
    Допаѓања:
    18.264
    Вир 3-4 пакетчиња, тетра 2 мислам доволни ќе се. Памперс планирав 10-15.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja На мене овде на листа ми пишува дека треба и појас за фетален мониторинг сама да си однесам. Мислам дека е од оние за цтг. Бог да чува...
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maja1511

    maja1511 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    здраво јас се породив пред 10 дена на гак...за во предродилна ќе ти треба тоалетна 1 пакетче вир влошки во случај да ти пукне водењакот шише со вода и телефонот....после породување за бебе треба памперс јас си земав најмало паковање марамици и крема...за тебе прибор за лична хигиена 2 пешкири мал и голем уште 3 пакетчиња вир влошки стегач за коса и течности поздрав
     
    На E*N му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Женски
    Некоја скоро породена во Чаир? Дали мора да е конкретно павловичева оригинал кремата (јас веќе земав друга па да знам дали да ја купувам и таа )
    И во моментот кога те задржуваат дали цела торба ја зимаш со тебе или тогаш само телефон, вода и евентуално влошки, па откакако ке се породиш ти ја носат торбата со работите за лична хигиена или како иде тоа
     
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Можеш било каква павловичева.
    Мене кога ме задржаа си ја земав и торбата.
     
    На kitty.m му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Здравоо
    Влошки за гради
    Влошки вир -3 пак
    Влажни марамици 1
    Ѓаки за една употреба( мрежестите)
    Пешкири-2( 1 голем и 1 мал)
    Тетра-2
    Тоалетна
    Антибактериски сапун
    Влечки
    Паста за заби и четка
    Ланолин крема
    Облека за исп од болница

    За Бебе:
    Памперс
    Павличева
    Влажни марамици
    Пешкирче
    И алишта за исп од болница

    Ја спремам торбицата и ако може некоја да ми надополни што сум испуштила :?:
     
  13. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Зашто ти е за бебе пешкирче?
     
  14. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Па една другарка што ја имам (ја прашував што ми треба оти она лани се пораѓаше) така ми рече затоа инаку поима немам
     
    Последна измена: 1 октомври 2019
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Кажи ми како помина, какви се услови во кумановската болница ?
     
  16. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Здравоо, полека се спремам за пакување за во болница па ме интересира од каде да купам гаќи за една употреба и колку отприлика би ми требале такви?
    Ви благодарам однапред ❤
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    26.074
    Имате во ДМ мрежести гаќи на Чико. 5 се во едно пакување.
     
    На Liky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BrideToBe

    BrideToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    86
    Hm kakvi se tie mrezesti gakji od DM? Prv pat slusam za takvo nesto deka treba pred i po poragjaj. So prvoto se porodiv prirodno na GAK i nosev samo povekje pakovanja VIR vloski, toaletna i voda. Tie dva dena po poragjaj sto ostanav tamu stavav samo od VIR vloskite. Ovie gakji se nesto novo? Se neophodni? Fala!
     
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.159
    Допаѓања:
    18.264
    Ниту се неопходни,ниту има потреба од нив. Влошката си стои меѓу нозе,доволно е само тоа.
    Еднаш пробав да облечам гаќи додека бев во болница едвај направив чекор со нозете за да се облечам,така да нема потреба од малтретирање
     
    На BrideToBe, Autumn_ и Larahappy им се допаѓа ова.
  20. marijaml

    marijaml Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2015
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Една другарка ќе се породи во Чаир, не е македонка, и и рекле дека ништо не треба да носи! Некој да ми каже точно што треба да носи! Понеделник ќе ја породад со царски!