Здраво, треба да си носи влошки со мрежа, пешкири, за хигиена работи, пелени за бебето, и влечки може да си земе бидејќи таму се лоши ептен. Поздрав
Влошки со мрежичка, работи за лична хигиена, пешкир, павличева за бебе, влажни марамици, пелени не ми затребаа даваа таму. Папучи исто може да се носи, но и тие што ми ги дадоа не беа лоши. Се породив пред две недели.
Носев јас пелени но не ги земаат, штом се породиш ти даваат несесер со виолета пелени, а на искачање памперс и бекутан. А влажни не ми побараа им го плакнеа газето со вода или влажна тетра.
За пораѓај во Чаир, колку облека + треба да се земе за бебето (боди,бенкици,пижамки) сем алиштенцата за излегување?
Да не биде дека џабе прашував Кремите во Зегин ви се на акција 186денари. Од 200 и нешто намалени. А за Ланолин кремата страв ме фати едно да не не ми стигне па две купив
Стапчиња за уши не би ти требале. Мој совет купи си повеќе вир влошки,не се носат гаќи ,па често протекуваат, на секое одење во тоалет ги менуваш
За дома ги купив, за бебушот хахаха, незнам зошто сум ги сликала сега. Вир земав 3, во болница нема ли да ми бидат доволни? За дома други ќе земам.
За во болница повеќе, а што ќе ти остане секако и дома ќе ти треба,јас дома 7-8 дена ставав вир после обични. Зависи и колку ќе крвариш,ама немаш штета од резерва
Za beganje od bolnica za majkata nikade ne procitav sto nosite ili otposle vi nosat bliskite? Vaka ko ke si zamislam jas eden kufer alista treba da nosam krpi spavaci pizami corapi raboti za licna higiena toaletna vloski prsluci za doenje, vlecki nekako mnogu mi odat raboti
1.Не можам да се дочудам, зарем навистина треба да спакувам пешкири за на ГАК? Немаат ли таму? 2.Дали треба да проверам однапред дали треба памперс за бебе или секако да си спакувам? 3.И какви папучи? Јас одма добивам асоцијација на оние топлине собни папучи, а знам дека во болнициве имаат гумени/пластични, какви носевте?
Jas pojma nemam sto Ima tamu I sto nema, prv pat ke se poragam pa nekoj ako znae do detal sto tocno treba da se ponesi neka pisi
Алишта за излегување за мене и бебе ми донесе мм кога не пуштаа. Прслук не ти треба никаков,освен ако сакаш за по пат накај дома. Во предродилна ми дадоа пешкир. Кај родилките не побарав,може и таму даваат. Памперс да си понесеш,ми го донесоа бебето после 15 саати од раѓање и одма ми побараа памперси што трошеле за него. После тоа ти си менуваш. Даваат промотивно една пелена Памперс, две пелени Бекутан. А папучи јас си купив гумени од пазар. Најпрактични се,зошто после секое одење во вц се миеш,се топат и брзо се сушат.
-Документи -Полнач за телефон -Спаваќи и пижами со копчиња за доење -Прслуци за доење -Маст за брадавици и влошки за на гради -Чорапи,гаќи,папучи -Хигиена: Чешел,четка за заби и паста,ластиче за коса, лабело обавезно, шампон,дезедоранс, марамчиња за ВЦ и за лице,пешкири -Комотна облека