Прслук не ти треба за во болница Влошки со мрежа 3-5 пакетчиња. Земи 3 ќе ти донесат накнадно ако треба Освен спаваќа и наметка врз неа друго не ти треба од облека Пелени и влажни за бебе Место дезодоранс можеш Лидера крем Бетадине раствор обавезно за да ставаш на влошка
A zosto ne treba prsluk za doenje vo bolnica? Jas bev vo plan da nosam posto ke stanvam I vloski za gradi da ne se napravam lom vo spavakata
Ќе се пораѓам во странство, во списокот тоа ми го напишаа,а и тука од прв ден примаат посети стварно не би можела така гола да седам пред други,практични се ептен и удобни. А се друго како влошки, пелени добиваме во болница ама добро е да се напише ако таму мораш сам да си носиш.
Додека стигниш за влошки ќе те пуштат. Освен спаваќа друго на тебе не треба да имаш. Чорапи можеш ако ти е ладно на нозете.
A kako se oblekvate za na bolnica koga ke ve fatat bolkite? Mozam trenerki da nosam? Mozebi gkupavi prasanje postavuvam ama prv pat mi e
Случајно влегов на темава ама ајде да одговорам, знам јас како очајував пред пораѓај . Можеш што сакаш да облечеш, секако штом стасаш во болница ти даваат спавача. Ама јас се дотерав и дури и кармин ставив па се изнасликав на огледало пред да тргнам, а бев со пукнат водењак и со болки веќе. Многу ми се драги тие слики сега кога ги гледам посебно зашто не се сликав многу во текот на бременоста.
Не се сеќавам добро за првиот пат што имав спакувано, ама сега во торбицата ставив: две пакетчиња улошки, 3 мали пешкири, полнач, документи, прибор за лична хигиена (гел за туш, паста, четка за заби, крем за лице), јекодерм, пелени, тоалетна и пластични чаши.
Земи си барем 3 пакетчиња улoшки, папучи гумени пoлеснo се сушат пoсле туширање, тетра пелени за бебе.
Јас тукушто се спакував за прв пат мајка па незнам дали и не претерав хеххе Вир влошки - 3 паковања Влошки за гради Прибор зс лична хигиена (четка за заби, паста, сапун, шампон, гел за туширање, стик) Крпи - 1 мала и 1 голема Чорапи - 3 пара Долен веш ( за секој случај ) Спаваќа Навлака за перница Марамици влажни Полнач зс моб Ланолин Гумени влечки Тоалетна Малку шминка за излегување Пелени - 20 парчиња Тетра пелени - 2 Павловичева. За излегување од болница ќе спремам одделна торбица и за бебе и за мене Ме интересира од документи што треба да земам, во Чаир ќе се пораѓам. Ако може некоја мајка скоро породена да ме дополни или советува што да извадам од торбица? Тенкс
Супер ти е списoкoт, сличен беше и мojoт. Извади навлака за перница, мислам дека нема ни да ти дoзвoлат. Шминка и jа ставив ама ни ставив самo гледав патoт накаj дoма да си гo фатам Иначе oригинал крвна слика акo имаш бидеjќи кoпиjа не признаваат. Акo не таму ќе те бoцнат, лична карта истo треба.
Крвна слика или крвна група? Ако е крвна група имам картонче но со моминско презиме. Ќе го земам сепак, па ако треба нека ме боцкаат Тенкс
Крвна група да се пoправам. Немаш гаjле мене сите дoкументи ми беа сo мoминскo презиме па ги пишаа и двете презимиња.
Земи си повеќе тетри ќе се најдат . Кај нас во Велес не даваа спаваќа да носиш , незз како е по другите градови ама коа ги бањаа одма ги облекуваа во наши алиштенца (за во велес така е а за по др нез) И спреј за раната ми рекоа одма мм ми донесе пошто бев шиена
Па за раната и јас се мислев, но ќе чекам да видам што ќе ми кажат таму да земам, па мм ќе ми донесе.
Маченце во Велес не даваат спаваќа да си носиш оти нивните се баш секси и треба да се промовираш до градите надвор кога ќе ти дојде некој на посета. Со врвките искинати и одиш до холот цицкотрес. Јас носев 3 кесички влошки, неколку пара гаќи, подлога за пресоблекување од Бекутан што се бебешките , оти ретко ги менуваат чаршавите и треба да си лежиш три дена на крв, крпа за лице и бањарка, сапунче медицинско антибактериско, чаши пластични, водичка
Да ти кажам здравје боже коа ќе имам 2ро нема шанси во велес да се породувам , се е катастрофа значи немам зборови
Ги следам приказните и како се приближува времето ме фаќа страв. 32+0 сум, сеуште е рано но прво дете ми е па сакам да прашам што е потребно за во болница да се понесе од облека за мене, за бебе, во што бевте облечени кога отидовте? Можеби звучи глупаво но ете да почнам да се припремам да не заборавам нешто.