Јас од 36та до 39та недела сите приказни ги прочитав и кога дојде време за раѓање од паника не знаев што треба да правам За во болница има тема,исчитај ја,зависи кај ќе се пораѓаш пишува што е потребно да носиш. А кога отидов на пораѓај бев по хеланки и туника,таму кога ме примија ми дадоа спаваќа и ги дадов алиштата на мм.
Мешки, некоја што се пораѓала во чаир да ми каже дали е потребно да земам долен веш, спаваќа, тетра пелени...и какви улошки ќе ми требаат, обични или има некои посебни за после пораѓај? Читав од форумов, си направив некој список па да си се спремам
Изгледа не си дочитала Влошки со мрежа,има во аптека Вир 80 или од Бони. Попријатни се памук е, затоа се подобри од обичните а и повеќе впиваат.
За мене имам спремано крпа за лице и за туширање, мрежени гаќи за една употреба и памучни гаќи. (не верувам дека ќе ги употребам оти од клиника имам влошки и мрежени гаќи) Спавача и градник за доење. за пораѓајот може и од таму да си земам спавача. Чорапи, две долни мајци ( не верувам да ги употребам) хеланки и две памучни маици и едно мекано џемперче и влечки. За хигиена паста и четка, шампон, за туширање гел, крема за раце лице и тело, чешел, ластик за коса и брич. Кремите за херпес ( недај Боже да излезат) маскара, некоја нежна шминкичка за лице( не дека ќе се шминкам) стик за пазуви. Лични документи за да го пријавиме бебето. за бебчо имам комплетчиња спремено и шпикозни , бодиња чорапчиња, капчиња и хулахопкички, ракавички и лигарници. Цуцли и едно мало шишенце. Крема за газенце и мекано чешелче со меки влакненца. Масло и крема за тело немам земано, ќе видам како ќе биде состојбата со кожата. ќерка ми имаше многу сува кожа и се лупеше до два месеца па ја мачкав со масло од бадем. Многу убаво масло. Па мм ќе ми обезбеди ако има потреба. Пелени исто од тама за бебињата си земаш по потреба колку ти требат. Исто ако мајката имампотреба од силиконски брадавици и одтаму дават. Дури и рубички за облакање не мора да носиме, само за излегување од болница, оти од тама има, си зимаш и си облекуваш бебе.
Девојки,на листава од болница ми стои да понесам пижами. Има ли смисла,дали ке можам да ги облечам,рана доле или од царски ке имам,па некако не ми иде ништо освен ноќница(спаваќа). Ваше искуство?!?
Да да,и за пижами мислев наменски за доење,но ме бунеше долниот дел.. Спаваќа имаат нивни мислам,но ке купам една,ке ми се најде и за потоа.Фала ти
Ќе се пораѓам на ГАК па еве што спремив за мене и за бебето кажете ако нешто треба да скратам или додадам ми се ближи термин За мене: - Влошки ВИР 3 паковања - Градник за доење + влошки за гради (повеќе ги зедов за излегување не верувам дека ќе ги употребам таму) - Гаќи за еднократна употреба - Еден голем пешкир и два мали - Влечки - Спаваќа за доење - Чорапи - За лична хигиена ( сапун, гел за туширање, шампон, паста и четка за заби, крема за лице и тело) - Полнач за тел ќе си земам пред одење - Облека за излегување ќе ми донесат нахнадно.. За бебето планирам да земам само памперс, влажни марамици, павловичева, а облека за излегување нахнадно да ми донесат.
Немаш потреба од спаваќа,таму секако се за доење,а кога и да побараш ќе ти дадат нова. Влечките нека ти се гумени или пластични за побрзо сушење,допиши уште стегач и стикче за под пазуви
За во Чаир не ти треба од долен веш ништо ниту спаваќа, спаваќа од болница даваат а долен веш е забрането да се носи. Земи си прибор за хигиена( сапун четка за заби паста крпа за лице и за бањање чешел и слично) за бебето треба да си носиш памперс и павловичева ќе ти побараат сестрите за да ставаат од твои пелени. Вир 80 или други медицински влошки обавезно едно 3 4 паковања за почеток....со лесно