Абе женски, што правите со ова торбиците , само ги множите Слушајте сеа искуство 1 торбица за мама, во неа: 2 пешкир паста, четка влошки 3пакетчиња тоалет чаши пластични влажни марамчиња евентуално спавача и папучи (ако не даваат во болницата) е толку е тоа што ќе ви треба, друго баш ништо, ни гел за туширање, ни сапун(валда има низ болнициве, во Чаир имаше) а и ова се ќе ви донесат блиските од кога ќе се породите за бебуш памперс и павловичева она што викате ќебенца , пелени едно друго во ЧАир не даваа ништо, се имаше од таму , а сигурно има и во ГАК ќе си побарате ќе ви дадат. Не се потресувајте многу. исто од кога ќе се породите за излегување, спремете ја на бебуп торбата, па кога ќе излегувате вашите ќе донесат, нема потреба да ги зимате со вас. Силк супер пишала, точно тоа, основното, баш ништо +/- (евентуално полнач за моб ). Само не носете се со вас, ако има можност нека ви носат по потреба, зошто и онака нема место за се.
Мене кога ме качија горе во предпородилна не ми дадоа ништо да внесам освен - тоалетна -влажни марамици - улошки Вир - папучи е откако се породив ми ја донесоа торбицата.. 2 пешкира тоалетна чорапи спаваќа(не ја ни облеков) полнач и за бебуш памперс, влажни марамици, боди и шпихозни (ова и не мора ама јас си носев) за излегување исто ми го донесоа комплетчето за бебуш и за мене алишта.. инаку имаше многу на Гак што беа со торбици и ги вратија после тоа се им донесоа, торбица дозволуваат само ако сте од друг град.. позз и со лесно на сите
хаха и јас истото им го кажав во предпородилна само улошките и марамиците ми ги пуштија а друго се врати мм дома па наредниот ден ми донесе ,исто така и торбата за бебето кога ке искачате ке ви ја донесат,инаку каде ке ја чувате дома во секој случај е почисто,читам за куфери прашувате нема потреба
Ако веќе спремате голема торбица, ставете си внатре и цефки и пластични чашки. цефките стварни се потребни, посебно за оние кои што се пораѓаат со царски и не може баш многу да мрдаат и да се креваат за да се напијат течност.
Јас уште не сум се спакувала дефинитивно читајќи ги вашите совети успеав некако да ја минимализирам торбицата инаку....... Сакам да ве прашам кои памперси,од која фирма ги купивте за во родилиште? гледам по продавнициве само оригиналниот памперс ги имаат за толку малку килограми или јас може не сум видела убаво и кое кремче за газето го купивте? Сакам да си носам свое за да го употребам додека сум таму. сум слушнала дека за под пелени најубаво било кремче што содржи цинк а тоа го нема во оригиналната павловиќева,сакав такава да купам ама сега се премислив
јас најмало паковање пелени , купив од канбебе има во еуро фарм, оклу 100на денари е, а и мало паковање витаминска маст од гала фарм таа розевата...
јас планирам да си купам оригинал памперс за newborn и оригинал павловичева. И така пелените и кремот се кај нас, не ги даваме на сестрите. За во болница требаат 5-6 пеленки ништо повеќе, а кремчето си го враќаме дома
Еве јас ќе ви кажам што ми беше потребно за во болница, како тазе мамичка (ова за во Државна, останав 4 дена). Прво во претпородилна сала ми рекоа да земам само тоалетна хартија и влажни марамчиња, и вода и сок, па јас тоа земав од торбицата иако не проверија ама друго и не ми требаше. Мене ми рекоа дека не може телефон ама потоа дознав дека можело да се протне. Откако ме префрлија на одделение мм ми ги донесе торбиците за мене и бебушка. За мене што имав спакувано: -Влажни марамчиња -Тоалетна хартија -2 Пешкири -Телефон и полнач -Чешел -Четка и паста за заби -Сапун -Влошки со мрежичка (3 пакувања, па ми донесоа уште 1 или 2 потрошив) -2 Спавачи (секој ден кога поминуваат болничарките ќе барате нова спавача, ама се случува и дополнително да ви притреба а нема кој да ви даде а и немаат на лагер, па мене ми се најдоа и двете што ги носев) -Гаќи (ги облеков по првите два дена, само ќе гледате сабајле кога ќе проаѓа визита да ги соблекувате) -Гумени влечки, никако од оние за по дома -Маст Mum Care за брадавици (ова дополнително го нарачав да ми донесат по препорака на сестра, и многу ми помогна и уште ми помага за брадавиците) За бебушка: -20 Пелени -3 Тетра пелени (јас ги ставав под бебушка да не се допира по болничките чаршафи) -Влажни марамчиња -Павловичева маст (сестрите кога ги пресоблекуваат бебињата не ставаат павловичева, затоа кога ќе ги пресоблекувате вие ставајте повеќе) -Ракавички (кога ми ја донесоа беше изгребана по лицето, па порачав да ми донесат ракавички ама сфатив дека не се гребе таа туку кога ги собираат бебињата за преглед ги ставаат едно до друго и меѓусебно се гребат, ама поминува за неколку часа) -Може да носите и ваши шпихозни, јас не носев Сокови, вода, и се друго што ви треба ќе ви донесат дополнително, затоа не се оптеретувајте многу.
И јас си купив памперс за новороденче и павловикева розевка.А за болница колку да земам 5,6 какоо што сте напишале или повеке да зимам?поздрав
Земи си го цело паковање, сепак истото е со тебе во соба, ако не се потроши ќе си го вратиш т.е. земеш дома.
памперс оргинал да си носите малку се поскапи ама дека ептен се кривки бар на почетокот а павловичева од розевата јас си носев ,слушнав дека таа што е со перу балсам е многу убава , и се тоа си стои до вас и ке си ги земете пак дома
Здраво. Доколку некоја се има породено во родилиштето во Штип, би сакала доколку може да ми каже, што може да понесам во родилиште. Имам слушнато дека било задолжително, со себе да се понесе шампон и сапун за бебето,што ми е малце веројатно, дека во болницата немаат сапун за бебето, но се е можно.
I mene me interesira za vo Stip,pa ako ima nekoja iskustvo neka pise.Sto davaat od tamu,sto da se ponese...
Иако сум 13 недела веќе во приватната болница каде што ќе се пораѓам отсега ми кажаа што да си носам.. списокот е огромен.. ме интересира дали на сите ви ги побараа овие работи или само по приватните е така? Торба 1 - за породување -крва група ( картонче или потврда ) -здравствена книшка, син картон, упат -папучи -влажни марамчиња -чепчиња за прочистување ( Дулколекс ( за секој случај ) ) -тоалетна хартија -вода, природни сокови ( за освежување ) Торба 2 - за после породување -1 пакетче памперс бр.2 -прибор за лична хигиена ( четка за коса, четка за заби, паста, сапун, шампон... ) -термални постпородилни гел облоги -термални гел облоги за гради -екстра стегач или штипка за коса -стик за нега на усни -4 пешкири -појас за стомак ( јас си прашав каков е тој појас ми го спомнаа оној од Бели Бандит ) -влошки за гради за повеќекратка употреба -2 до 3 ноќници за доење -4 до 5 пара гаќи за еднократна употреба -чај за доилки -основни средства за средување за фотографирање ( лак за коса, кармин, лесна пудра итн.. ) -мобилен Торба 3 - за новороденчето -памперс од најмалите -неколку тетра пелени -комплет облека ( бенкица, шпикозни, боди, капа и нараквици ) -влажни марамчиња -витаминска маст ( по можност Павловиќева ) Торба 4 - за излегување од болница -комплет облека за бебето -комплет облека за мајката ( по можност прилагодна за доење ) -корпа за носење или плик -автоседиште
Аууууу Екатерина 4 куфера со што ке ги пренесеш до болница ? уште кревет и постелнини што не ти побарале
Ovie so spisokov ne se normalni i poveketo raboti od spisokot se nepotrebni,dodeka pak nedostigaat nekoi 'sitnici' sto zivot znacat!