Спаваќите се стандард. Само да знаеш дека тешко се добива втора спаваќа. Подлога колку сакаш. Пожелно е повеќе. Наметка може да носиш.
Имаат подлоги врз шкафче во собите,не ти е на одмет да си понесеш една од оние за еднократна употреба. Ќебенце јас не носев,ама ми доенсе мм нивното го ставав на оградата од креветчето зошто дуваше од прозорот. Гаќи не ти требаат,се држи меѓу нозе вир влошката,еднаш пробав со обични гаќи ме стегаа баталив. Прслук за во болница не ти треба,јас облеков кога да си одам накај дома. Спаваќите се со ракавчиња и копчиња од напред за доење. Има и едни што се врзуваат горе. Слободно барај облека за бебе,спаваќа,чаршав,подлога ако ти се истопи,испрља. Даваат. За алишта за бебе одев кај бебињата ми даваа. Но бебето го оставаш во соба не смееш со него по ходник,се дереа може да ти се слоши и да ти падне. Наметка земи си,некое џемперче. Јас се породив октомври,ладни беа утрата.
Мене ми е мнооооогу драго што можам на тебе да ти пишувам совети за бременост и пораѓај,после се што прочитав во поддршка Со лесно нека е само,уште колку остана?
Леле тие мрежестите влошки да ви кажам, јас кога го родив првото, тука во Грција, си набавив такви од кај нас од Мк, тогаш ќе доаѓаа моите и им порачав такви да,ми донесат од аптека па и 3-4 паковања порачав нем да не ми стигнат. Кога се породив на бокс ме изми сестрата, бабицата што беше не знам и ми вика влошки имаш ли? И викам да се ми е ставено во кесе таму, мајка ми нели ви ги даде? Хаха вика, не гледам тука влошки, викам како бе, дај ми го кесето и вадам од мрежестите и викам еве, овие нели се? Ме гледаа чудно жена ми вика, што е ова? Викам па влошки, вика јас прв пат гледам вакво нешто, ауу колку се засрамив значии, викам абе нели такви сецстават на пораѓај? Ми вика од каде ти е ова? Ние тука ставаме од големите оние бабските или зацедна употреба што се како гакички, сите родилки такви си носат, овакви како твоите прв пат гледам, ми вика. Па ги покажуваше на другите колешки и сите како да се потсмеваа, чудно им....и сакала нејкела ми стави една таква и гаки ми облече, после и реков на мајка ми да слезе долу во апрека да ми купи обични големи. И од тогаш крај, за второто си купив големи и такви ми ставија. Викам шо ќе се расправам какви се, што се, поарно зежи вакви обични улошки и готово. А сега па најнова мода сум си купила, гакички за една употреба и тоа црни слим
Сакав да прашам дали да земам нешто за под шпикозни за бебе кога ке се зема од болница или доволно е шпикозни чорапчиња боди капче и цебенце. Краен термин ми е 22.04
Дали има некоја што се пораѓала или е во план за раѓање во болницата во Куманово, што е потребно за бебе и за мајката? Имам спремено некои работи но незнам дали уште нешто ќе е потребно...
Фала ти мила, па да речам уште неполни два месеци, 06 мај ми е терминот Едвај чекам да се запознаеме со цуцата
@srce-9 потребно ти е прибор за хигиена, пешкир, влошки.. Јас си носев и џемпер. За бебето памперс, шампон, марамици, павловичева и топломер. Колку се сеќавам тоа е, нека допише некој ако сум заборавила нешто. Мислам исто е во сите државни.
Земи си и маичка со тенки прерамки за под спаваќата затоа што мене таа што ми ја дадоа искината беше и градите надвор ми беа, јас носев гаќи за еднократна употреба ама не ги ни искористив само земи си повеќе влошки вир, туширање само со вода ми рекоа да не користам никакви гелови да не се инфицира раната бидејќи природно се породив и дезодоранс само без амонијак земи си
И јас се мислев ако мислиш на ѕиврички, ама решив не, ќе биде покриено. Засекој случај може ќе ставам, незнам време какво ќе се погоди , 27.04 ми е термин, тука сме некаде јас и ти. Позз
Од која недела пд бременоста почнавте да се пакувате за во болница? Тек ја почнувам 33 недела, незнам кога да си ја спакувам торбата.
за некој ден влегуваме со бебуш 36 ми рекоа штом влезеш можеш секој ден да се породиш така да што да ставам ? сите ми викаат од мрежастите улошки сега тука читам ВИР влошки кај ги има тие и гакичките за 1 употреба? за бебуш ми рекоа да си купам памперс за новороденчиња од облека ако не е многу ладно само боди и хулахопчиња..ја планирам и едно кебенце...пешкирче нешто др?
Вир влошки имаш во аптека земи си 2-3 паковања за во болница, во ДМ имаш гакички за 1 употреба(јас си носев обични немав потреба за такви, кога доаѓаше визита без гаќи треба да си само со влошка така да не ти требаат такви, ако си царски само земи си повисоки оние бабински што ги викаат да оди над раната, ако си природно можеш и обични.) За бебето шампонче, јас носев 2 тетри ми се најдоа при доење, памперси обавезно 1ца ако треба нешто ќе кажат они ќе ти донесат накнадно.
Јас сум 38ма,но не сум класично спакувана.Куферчето ми е во спална со несесер внатре(паста,четка,и мини пакувања на креми за лице,раце,шампон,маска,чешел и стегачи за коса),плус како совет добив и да понесам влажни сензитив марамици за интима бидејќи тоалетна хартија и засушена рана доле е лоша комбинација Облеката што ми е планирана за таму,од тргнување во болница,па за таму и се до излегување,ми е ставена на закачалки во плакарот со истиот редослед Дури и чорапи,прслук и стегач за коса,се ми е на дофат.Не верувам дека ке ме фатат филмски болки за да истрчам во секунда накај породилиште,ке имам сигурно две минути за да пикнам алишта во куфер. Ако се спакуваш сега,може да стојат и цел месец во торбица и да примат мирис на стоено. Јас по оваа логика се водам,па ке видиме праксата што ке каже