Знам дека прашањето не е за тука ама не знам дали има соодветна тема. Читав кои документи се потребни за во болница, проблемот ми е што немам валиден документ во моментов. Скоро се регистриравме со мм и планирав деновиве да си направам нови документи, но со целата ситуација околу вирусот ми се искомплицира. Прашањето ми е дали можам да одам со стари документи и извод од венчани? Значи освен личен документ, книшка и резултати од брисеви, што ми треба друго?
Јас се породив на ГАК не ми побараа ништо само за извод на малото ќе ти треба твоја и на мажот ти лична карта и извод од венчани
Во болница останав два дена и потребно ми беше: вир влошки две паковања, 5 пара гаќи, едно пакетче обични влошки, влажни марамици, еден голем и еден мал пешкир, влечки ама од тие пластичните, лична хигиена (сапун, четка за заби, паста, шампон, дезодоранс) две маици со прерамки и едни долни пижами и си носев врз мене плишана наметка и супер ми беше комотно, за доење само си ја одврзував. За бебе памперс и влажни марамици
На повеќето списоци во темава гледам има секаде шампон, има ли фен за коса по болниците или од дома си носите?
Дoкoлку е се вo ред не ти треба за не цели 2 дена ме пуштиjа. Акo не даj бoже треба да си пoише ќе ти дoнесат. Jа нoсев самo гел за туширање.
Здраво идни мајки, има ли некоја што ќе се пораѓа во ГАК. Како високоризична бременост, и искуства доколку оставаат на патолошка што си пакувате за тој период инаку за некој ден сум 36 н и сум со плацента превиа. Од матичниот ми беше предложено да прашам дали може да одам кога ќе ми кажат да не лежам на патолошка па ќе видиме. Со лесно на сите
Вир влoшки, папучи, прибoр за л.хигиена, стегач/шнoла, пешкир гoлем и мал, влoшки за гради, ланoлин, тетра за бебе, пелени за бебетo, крема за газе, влажни марамици.. Oва ми текнува, врати се некoлку страни наназад има пишуванo за Чаир.
Jas bev na patoloska prvo Zemi si papuci obavezno zasto nemaat. Toalet, pribor za licna higiena, peskiri. Imase tamu sto lezat so nedeli i si bea vo nivni pizami obleceni. Toa e dozvoleno. Mozes i ti tvoi pizami da nosis ako ne ti davaat spavaka so cvetcinja I za jadenje pienje nosi si i toa e dozvoleno. I ne nosi mnogu zasto u sekoj moment mozat da ti donesat raboti
Gaki zemi si obicni samo pokomotni. Koga ke dojde vizita sobleci gakite i tolku. Nema potreba od pari frlanje za glyposti. Pred da dojde vizita kazuvaat ide vizita bidete spremni ti soblakaj gaki da ne te vidat posle obleci pak Taka pravevme nie
Нема да лежиме отидов ме вратија дојди за два дена дека викенд, ај после отидов во пон. Рано ти е дојди во четврток за прием и некако се осеќам и четврток дека нема да ме примат 37 ќе бидам во петок. Благодарам за одговорот