Posle poragaj nema da ti tekne da jades a kamoli gricki gahahaha Zemi si voda sok i ovosen jogurt ili puding
@Veki4kaa Мој совет земи си многу течности, сок од јаболко најдобро. Знам дека си од друг град и нема да можат да ти носат често твоите заради полицискиот час, но доколку нешто ти притреба пиши ми . Живеам блиску до породилно би ти донела се што ти треба. Со лесно само и чекаме убави вести
Ооо море прво во јадење ми беше паметот Сабајлето во 9 примена, не бев доручкувана, попладнето во 5 се породив, во 7 ме однесоа во соба, вечерата веќе поминала така што за јадење добив шипак, а торбицата ја чекав до 10 вечерта да ми ја донесат. И кога глеам внатре- само сок и Бејк ролс Двопециве само ме подлажаа, пак останав гладна до сабајлето.
Хахах исто, последно јадење ми беше во 17ч. Во 19 ме примија во родилна,до пораѓање пиев течности,ноќта во 2:40 се породив, во 7ипол ме преместија кај родилките едвај чекав да ми донесе мм јадење,мртва гладна @Veki4kaa не знам за Чаир,на гак носев плазма,вода,сок од јаболка,интегрални колачиња,бонбончиња. Мислам ми донесоа другиот ден,не носев јас ништо. Мм ми купи и ѓеврек и јогурт,тоа ми се јадеше. Иако и таму даваат храна ама бљак е малце,болничка храна...
Пешкир за забришување, полесно и попрактично. Земи си два,кога едниот се суши другиот да го користиш. Два дена бев во болница еднаш само цела се избањав и тоа само со вода (без коса) и без купка ми беше страв да не ме пече раната (природно породена со епизиотомија). После секое одење во тоалет се миев,исто кога ќе осетев дека истекло повеќе крв се миев..
@Sofi.ja а имам наметка од спаваќа на кратки е , незнам дали би ми вршела работа ако ја ставам, што мислиш ти? да не трупам само безвеза ако нема потреба,
Не знам како е за природно, јас со царски едвај успевав да се поминам со вода, се бришев со тоалетна хартија. Ти гарантирам дека бањарка нема да ти треба, само џабе ке ја носиш со себе. Земи си мали пешкири за раце, попрактични ке ти се.
Хелооо мешиња и мајки оваа тема некако најактивна па затоа решив овде да прашам. За порагај дефинитивно ќе сум на ГАК, денес решив да спакувам ствари.Сакам да прашам што ќе треба да спакувам за мене и за бебето за во болница и дали во една торбица или за него посебно а за мене посебно (царски ќе се порагам) а за излез од болница работите ќе си ги спакувам посебно и ќе ми ги донесе мм дента кога ќе си одиме. Прашувам бидејки сме од друг град доста далеку од Ск па на денот кога ќе тргнеме сакам да си понесам се,секако мм тие денови ќе престојува во Ск што ќе притреба ќе ми купува,но таква сум си по природа сакам се да ми е под конец
Ja se porodiv tamu prirodno. Nosev peskiri,pribot za licna higiena i papuci obavezno ne davaat toa Alista ne ti davaat tvoi da nosis,dobivas spavaka od bolnica. I zemi si voda,leden caj zaso carski ke bides nesto lesno za jadrnje. A za bebe ti trwba pampers pavloviceva i vlazni alista denta ke ti donesat kos ke si ides Ostava maz ti kaj sestrite oni oblakast bebe I vloski za tebe od tie za posle poragaj
Се од наведеното горе со тоа што јас би рекла мнооогу вода и сокови, јогурти, на сила ако треба. Земи си и чај за доилки да си правиш таму (се прави и со ладна вода). Мене ми кажаа млекото со царски доаѓало многу касно, е го побив тоа тврдење ама многу течности пиев. Земи си влажни марамици зашто во кревет ќе бидеш и нема да можеш да се поднесеш ќе сакаш туш одма, а нема да можеш. Земи си високи бабски гаќи за искачање од болница и нормални улошки зашто впиваат повеќе од Вир. Вир обавезно повеќе пакувања за таму додека лежиш и не е лошо мрежести гаќи, јас ги носев од втор ден зашто си станував без проблем. Друго што ми се најде е крема за брадавици (лом ми ги направи додека се учевме), лабело, стегач за коса, чорапи обавезно мене после царскиот ми смрзнаа нозете. Тетри земи си за бебето ќе ти се најдат.
Благодарам многу Бебето после царски ако е се во ред за колку време го носат,и дали цело време ќе си биде до мене? Една членка ја читав дека имала една торбица за во предпородолна а другата и ја донеле откога ја префрлаат во соба.Дали ќе имам потреба од тоа или се да ми е на едно место? Ме фаќа ем страв ем возбуда паника си правам.Охххх
Јас се породив во 11.35,а ми го донесоа накај 18h. Ќе те остават да си дојдеш при себе сигурно. Моето не беше со мене цело време, ми го носеа само кога е гладно за да се учи да цица околу 2-3 пати на ден по 1-2 саати. Ноќта си бев сама, многу треба одмор плус раната боли кога поминува анестезијата. Мене сите ствари ми беа на едно место ама немав многу и сестрите ми ги носеа од една во друга соба. Не знам на гак како е. Мислам најдобро на едно место зашто не знам реално што толку ќе ти треба за во предродилна.
Да пишам и јас што имам спремено. Па кажете ми ако заборавам нешто. - Две спаваќи -Голем пешкир -Мало пешкирче -чорапи 5 пара -гаќи со висок струк за излегување - облека за излегување -влошки за гради -масло за брадавици -Вир влошки 5 пакувања -тоалетна хартија -влажни марамици -непропустливи подлоги од оние што се за пресоблекување бебе, земав едно пакување за да си ставам под мене. -сапун -четка и паста за заби -пластично кутивче за четката -чешел -капа за туширање ( да не си ја измокрам косата) -влечки -папката со документи за бременоста -почнач за телефон -чај за доилки -крема за лице -ацетон и памук (ќе одам со лакирани нокти, па во случај да треба да си го вадам лакот) -тетра пелени неколку ставив за забришување ако успеам да дојам. -мало пакување пелени за бебето Спремив и уште една торба со облека за излегување со облека за бебето, таа ќе ми ја донесе ММ на излегување.
Масло за брадавици не, земи си чист ланолин. Маслото се мие пред секој подој, ланолин не. Терра пелени не мора, земи си памучни коцки од ДМ за бебиња, слични на оние за бришење шминка. Лакот од дома избриши го, стави проѕирен ако толку сакаш.
Лак не ставај...ноктите им се прв показател ако не дај Боже нешто се случува. Зато и при наједноставен хируршки зафат велат дека мора да си без лак.
Влажни марамици и пелени земав, не знаев за павловичева. За дома имам купено, ќе купам мало пакување тогаш и за во болница.