Здраво сакам да прашам од каде земавте торби за во болница дали преку интернет и ако може некоја идеја дали посебно за бебе зедовте или некоја поголема за двајца не знам дали е за тука прашање ама не најдов друга тема . Фалаа однапред
И со првото и сега за второво планирам во ранец да ставам се што ми е потребно, за бебе само памперс, крема и марамици (во истиот ранец). За излегување од болница ке ми донесат дента кога ќе излегуваме, за бебе работите во торбицата што оди со количката.
Јас се спакував во торба за тренинг, оние торби патни што можат да се носат кога одиш на викенд со спиење, ме разбираш на каква мислам. Можеш и таа со количката што оди, ама мене ми беше мала за се што спремив. Било каков ранец е океј. Некои и куферче носат.
Јана хелоу, вака како најтазе породена во Ремедика Што ми треба да си спакувам во торба за мене и бебињата ? Фала
За бебињата ништо, денот кога ќе си идете ќе ти донесат од дома алишта и додека разговараш со педијатар ќе ти ги облечат. За тебе полнач, стегач за коса, лабело (мене ми испука устата во сала), ланолин за гради, високи гаќи за искачање од болница и улошки, влажни марамици ќе ти требаат ако си со царски и се друго што сакаш и користиш за лична хигиена (четка за коса, четка за заби и паста итн).
Тетра пелени се оние коцкасти класични пелени кои ги користеле и за мене. Пиши тетра пелени и ке видиш слика. За во болница не ти требаат.
Jas nosev dve za vo bolnica. Koga ke mi go donesea bebeto jas go leginav na niv za da ne lezi direktno na carsavot sto e vo krevetceto.
Јас носев пакетче од 28 пелени. Не ги потрошивме. Во болница бев 4 дена. На 5 часа му менуваа пелена. Купи си ти големо пакување и стави си околу 20 во торбата, бидејќи мене сите што ги однесов ми ги земаа, не си ги вратив дома тие што останаа. Ама се си зависи од тоа каде се пораѓаш и како ќе се одвива грижата за бебето. Некаде ти го оставаат бебето постојано со тебе и ти менуваш пелени, па ќе си менуваш на 3 часа како што и треба. Некаде ги земаат бебињата во детска соба и таму ги повиваат и хранат. Јас се породив со царски рез и немав воопшто млеко. Од стрес не ми надојде се додека не си заминав дома, па затоа и бебето не ми го оставаа. Го земаа ноќе беше кај сестрите, а преку ден ми го носеа да го гушкам и да го ставам на града да пробувам да дојам. Ама поголем дел од времето си беше во детска соба бидејќи појави многу леукоцити во крв, беше на антибиотик и го следеа педијатри.
Јас си носев 30парчиња. Бев во болница 3 дена потрошив само 8 пампреси. Бебе си беше кај сестрите бидејки бев царски,ми го носеа на кратко да го погушкам. Кога им требаше пампреси идеа по потреба земаа.Ова на ГАК
Здраво женски.Јас сум 35+4 ,од наредна недела ќе треба да почнам со цтг.Планирам д се пораѓам во Чаир .Ако сака некоја што се има таму породено да ми пише што ми е потребно за мене и бебе во болница како и кои документи да ги понесам со себе ?
Jas nosev malo pakovanje ostanav vo bolnica 6 dena i se potrosi celo pakovanje. Sestrite doajgaa po potreba zemaa pampers
Nosi si malo pakovanje. Nosev pampers malo.dojdoa mi pobaraa peleni im dadov nekolku i posle koa mi ja vratija bese so violeta peleni na nea. A i neznam zasto baraat peleni koga violeta im se sponzor mislam.imaat nonstop.
Za prv pat na ctg ke odis samo so upat od maticen ili imas zakazano kaj nekoj posebno od doktorite kako odi sega jas pred tei god se porodiv tamu samo so upat prviot pat ama ne znam kako e sega I jas sum za na ctg na kraj na avgust
За тебе несесер за лична хигена,алишта за излегување од болница,полнач за мобилен. А за бебе алишта за излегување од болница. Тоа спавачи,влошки,мрежести гаќи,силиконски брадавици,фен,пелени,алишта за бебе се си има таму
Колку што се сеќавам носев прибор за лична хигиена, влошки, влажни марамици, тоалетна, полнач, пешкир, спаваќа си земав без потреба, гаќи. Пелени, павловичева ( одма ми ги земаа па се вратија по уште другиот ден, нормално немав и им викам а цели паковања за еден ден потрошивте? ) Тетра пелени две за да постелам за бебето( не можев да станам да ги земам, џабе ги носев )Едно шишенце вода, после ми носеа. Од ова влажни може искористив пошто царски бев и не можев ништо да си земам, а и немаше потреба, еден ден без катетер бев само. Маски земи си и средство за дезинфекција за раце. Битна работа, стави се во ранец зошто шкафчињата им се такви тесни, јас торбица носев па одвај ја напикав исправена.
Zdravoo isto i jas planiran vo Cair no neznam ke vidam mozhebi i vo Gak ke treba da se porodam si spakuvav skoro se nenzam dali dolni pizami po dolgi da zemam edni i 3-4 maicki zosto izgleda i jas carski ke pravam spavaki si spakuvav no neznam i od tamu li davaat?Sto drugo davaat? Uspea li da se istushirash da si zemam li i kupka,sampon nesto?
Ништо од тоа не ми требаше, освен сапунот, чешелот, влажни марамици и четката за заби. Ми го извадија катетерот и другиот ден ме пуштија дома, немав време а и не можев да се истуширам, одвај одев. Јас толку имав спакувано дека природно тргнав да се пораѓам. Ако си природно ќе можеш и да станеш да шеташ и да се средиш.