Рачунаа 4 дена, а уствари 2 ипол беа. Четврток се породив во 23часот, недела после визита ми рекоа да се спремам до 10-11 да дојдат да ме земат
Се мислам во што да се се спакувам, планирав во една торбица рачен багаж како спортска торбица што е за преку рамо. Сега нешто ми светна во мало (од тие малите што се за во авионска кабина) куферче на тркалца. Да не ми се чудат ко на одмор да сум тргнала? Е сега некој дека спомна да се поделат стварите за пред породилна и после, дали плус да земам ранец за пелени па во него да ги ставам стварите за бебча?? И дали дозволуваат торбицата ќе биде со мене во соба, зш се што ми е потребно ќе биде во неа?? Може ли некој да ми објасни како е процедурата со ствари?? За во Чаир планирам
Кога одиш да се пораѓаш багажот ти останува на патолошка па откако ќе те сместат после пораѓај ќе ти го донесат. Земи еден ранец колку собере во него, другото нека ти го донесат твоите после.
Мрежасти гаќи од каде земате? Лето е и мн ми е страв да не ми се инфицира раната купив едни пост партум, ама тие се перлон и ми е страв да не спуруваат.
@kukla21 Прочитав тука дека имало во ДМ, mothercare и encimenci. Encimenci имаат и на страната, околу 300ден се 4 пара. @Anaouou тоа се мрежеати гаќи кои служат за потпора на VIR влошката со мрежичка, дозволуваат дишење на раната после природно породување побргу да заздрави. Докторите не дозволуваат обични гаќи за да не дојде до инфекција. И јас не го знаев ова, тука се просветлив
Ми стана смешно, вие со мрежастите гаѓи, а јас за обичните никако да ми се погодат. Ми зема сопругот 20 пара различни до сега, ниту едни не ми се згодни сега не па кога ќе се породам
Не знам какви се во Систина, а од bebehome кои се подобри, овие како боксерки баш мрежа или тие килотите?
За во Систина што да се носи освен за лична хигиена и облека за искачање? Јас планирам и мој пешкир да си земам, шубе ми е со нивен . Папучки ваљда даваат..? Грицки некои од дома дозволено е да се носат? Мрежестите гаќи си требаат и кога ќе излезеш од болница така?
Полнач и лабело Отеков со лабелово, ама толку беше сув воздухот партали ми се направи устата. Полначот со подолг кабел. Штекерот е подалеку.