Тешки глупости за Чаир. Па како ќе јадеш пиеш? Треб маска да тргнеш. Персоналот кога ќе се пикнеа на дежурство во сопчето па кафиња и цигари на велико, изгледа преку маски и тие пушат.
А родилките со царски колку дена ги држат во Чаир сега со оглед на ситуацијата ако може некоја да каже?!
Јас се породив минатата среда во Чаир ,за приемот и за во родилна мора да носите и на бокс исто ,значи јас мојата ја извалкав и сестрата(или што и да е ) место да ми кажува како да дишам и да ми дава насоки отиде да ми бара маска. А додека во соба може без ,само пред да дојде визита треба да се стави.
Се надевам ќе се најде некој слободен апартман додека дојде редот, иако ко што дум баксуз може во ходник ќе ме сместат
Мислам си сама во апартман, ама колку што знам дали 2 или 3 има во цела болница па тешко да ти се погоди слободен
Во апартман си сама ,не знам колку има ,ама па понекогаш убаво е да имаш друштво ,сега секој си знае ама јас така мислам .
Се согласувам, јас би апартман ради ситуацијава со корона инаку многу подобро е со друштво и време побрзо ќе помине а и може ќе научиме нешто една од друга
Мислам тука бекој прашуваше за мрежести гаќи... Имате во бебе супермаркет заборајв да прашам за цена.. Има и градници за доење 1300ден беа.
Јас прашував, фала ти.. сега баш 5 дена не сум во Ск ваљда ќе има уште кога ќе се вратам.. Иначе вчера од Сара фешн купив градник за доење за 530 денари. Пред тоа гледав во Пенти беше 1.200-1.300.
Ќе има..имаа доста изложено. Супер си го нашла во сара фешн..ова додуша повеќе како бодо ми изгледаше мислам ептен ќе се познаваат градите брадавиците од него ама може и сум грешка
Тој што е во пенти 1200 денари е премногу убав али за жал е за некој ептен слаб во грб не можеш да се закопчаш за некои што се 100цм со метро да се измериш кнап доаѓа али матерјалот е преубав и подебел е али кој ќе си има среќа