навистина ја претерале овие, во која и да е приватна болница. јас колку што знам за во приватните болници не треба да носиш ништо, а не да одиш ти со неколку торби ни пола од ова не ти треба дури ни на државно ако се пораѓаш, сметајки дека таму нема ништо
Ајде некоја тазе мамичка нека пише носевте ли аливца за бебушките мислам за тие на Гак што се породија,дозволено ли е сега или ?
за бебуш ти треба само пелени влажни марамици и павловичева или друга крема која сакаш ти а за тебе упат болнички книшка крвна група за во предпородилна сала само мобилка тоалет влошки вир80(најбољисе) влашни марамици а после ке ти ја дадат торбата со твоите работи за лична хигиена папучи и тоа јас се породив летоска
Ikame знам срцка сето тоа го носев кога се породив првиот пат ,за бебеушот носев само пешкирче и тетра пелени претхидно дома извриени и испеглани па на нив ја легнувава исто и на мене си ставав една па за да ја легнам кога ја доев ,ама во нивни алишта беше и вториот ден цело се исфрли па затоа сега сакам да си носам од дома алишта за бебето ако ми дозволат да му ги облечам
Абе се ова за во приватна??? Па нели приватните се на повисок ранг,вака испаѓа како во приватните да нема ништо,а цената која се плаќа з аедно породување е ненормална.
За ова не торба, куфер цел ти треба. Прв пат слушам дека во приватна болница ги бараат сите овие работи, повеќето болници ти обезбедуваат се што ти е потребно, како на тебе така и на бебето, а твое е дали ќе си понесеш нешто за лична хигиена, некој чешел, облека за бебчето и слично, чисто да не ги користиш работите од кај нив, а не дека нема да добиеш таму се што ти е потребно. И уште нешто не ми е логично тука, здравствена книшка, картончиња, упат... Па нели е приватна болница? Што ќе им се овие работи?
Не знам душо.. само знам дека 99% од тој списокот јас нема да носам со мене.. мислам.. треба да земам комбе со мене и да одам на пороѓај. Многу работи од тој список мене не ми се логични... Откако ми го дадоа списокот само го напишав тука и не знам ни каде го имам ставено.. имам многу жени во фамилија кои пред мене родиле ќе си ги прашам нив.. ај пороѓајот што е скап па уште и едно комбе работи да носам со мене.. Да не ми прават резивија на врата ако не носам 90% од работиве на списокот? :geek: Затоа си прашав културно сите рекоа дека е абнормално.. така да.. ќе си направам како што викаат сите т.е ќе го носам најосновното.
пред 3 години во чаир не дозволуваа ништо освен паста четка за заби и чешел, јас се смеев бевме со оние кафени бавчанџиски папучи од болница со кои што и излегов од неа зошто мажето беше толку возбудено што заборавил да ми донесе патики хахахха. спаваќа од таму и со неа се бришевме после туширање а не чекаше нова и чиста. така да освен памперс и павловиќева за бебчо др. и не треба. а да и да не заборавам апарат обавезно без него не одам никаде.од што ќе бидете преморени ама баш за ништо нема да ви е гајле како изгледате.
Mamicki da ve prasam, tie sto planiraat ili se imaat porodilno Vo GAK Dali si ponele spavaca od Doma ili pizami ili pak od tamu davaat I za smenuvanje? Znaci za bebeto Samo obleka treba peleni I pavloviceva?
Спаваќи ти даваат од таму, нема влечки само, носи си од дома. Јас си носев и моја спаваќа и не ми направија проблем кога си ја облеков мојата, бидејќи немаа испано чиста да ми дадат. Што се однесува за бебето, и за бебињата има таму облека, нормално можеш да си носиш и своја, но нагласи им дека сакаш во ваша да го облекуваат и биди спремна дека можеби нема да ти ја вратат. Јас оставив 2 боди и 2 пара ѕиврички, ги помешале и не знаеле кои се мои. Ама ако, имав резервни, не се налутив. Инаку само памперс ти треба и марамици, а павловичева не ти бараат. Ама кога ќе ти го донесат бебето самата ќе видиш дека кожичето на рачињата и стапалцата ќе му се лупи, вратчето ќе му биде црвенко, па пожелно е да си носиш и самата да си го измачкаш. Носете и тетра пелени за евентуално бљуцкање, за покривање на бебето, за ставање под главчето или пак за измолзување.
Јас конечно ја спакував торбицата ,истите работи што ги носев и пред 3 ипол годинки само малку поголема торба , ставив 4 тетра пелени мн ми се најдоа како што кажа Лолита ја легнував бебушка на нив ,ја покривав и сл ,пешкир за мене и едно помало пешкирче за бебечето , спавака ке носам за секој случај и ставив боди и шпилхозни за бебчето ,павловичева , памперс, марамици , за мене средствата за лична хигиена ,во посебен несесер ги ставив влошките и марамиците за почеток нив само ке ги носам ,па после мм ке ми ја донесе торбицата , инаку вчера сакав да купам чепчиња за клизма пошто минатиот пат го вратија мм да оди да купи , во зегин немаше а се чудеа зошто јас да ги купувам на клиника треба да имаат за секој случај ке носам
Pepitke imas klizmi vo Viola na Fitofarm,mm sinoka mi nabavi. I mene doktorot mi rece doma da se olesnam,pred 3 god tamu mi ja stavija sega oskudacija vladee i jas se cudev zasto doma ama pa koga ke razmislis podobro doma nego li tamu vo nivnite wc-nja. I da ne zaboravam na upatstvoto ko za cudo nisto ne pisuva pa sme se javuvale na brza da ni kazat. Cirkusi! Taka da od koga ke ja stavis saat vreme dodeka se stopi i pravec vo wc na praznenje
Не знам како било кај вас ама па јас цел ден не можев да јадам ама баш ништо и на секои 10 мин само во вц бев на денот на пороѓајот. И тука не ставаат чепчиња туку како лубрикант ли на база на вода не знам што беше во шишенце пластично со издадено цавче беше и џабе да одам кога немаше што да оди. Мајак природа, дедо Боже се убаво си наредил како треба.
Не ми е јасно..сега кога ке тргнам накај болница јас што да земам сио мене? цела тоорбца или мм после да ми ја донесе?
форко освен книшка и упут ништо др, не ти треба. после пораѓај мм ќе ти донесе што ти треба. само влошки понеси си со тебе др. се отпосле
ова за во гак ми кажуваш? јас сакам во чаир да одам..ти не кажа како помина ваму па мене ми е уште страв да одам во гак
хахаха ме изнасема за шверцот, јас итото го направив пред 3 год. носев пакетче влошки и во нив мобилниот и кога се пораѓав ми звонеше мобилниот со свирка како бебе се смее дури и во сала го внесов хаххаха.