Здраво мамички како сте ?Ме интересира дали некоја од Вас се има породено во Систина сега брзо и што треба да се спрема за мајката и за бебенцето.Поздав
За бебе ништо, само облека кога ќе излегувате, за тебе мобилен пунач, крема лабело стегач,, некои такви ситници.
Да, таму ти даваат се, четка паста, влошки, шампон, сапун, папучи спаваќа. Баш нешто лично што ти треба тоа земи.
Феминки, јас ќе се спремам деновиве и сакам да Ве прашам од каде купивте торбици за во болница? Барем 2-3 места да ми наведете каде има такви торбици?
Јас го спремив ранчето што го купив за со количката и плус торба купив од sportreality ама обична ко за патување само мала во неа ставив плус дополнителни работи улошки повеќе пелени пијалоци и тн
Здраво мамички, сакам да прашам дали во Чаир ќе ми дозволат да одам со мало куферче? Сакам се што ми треба, од пешкири,наметка некоја бидејки сум зимурљава, чорапи, до влошки и се од лична хигена, како и работи за бебе, пелени, тетра пелени и влажни марамици да сместам во едно куферче. И уште едно прашање, ако некој се има сега скоро пораѓано во Чаир, дозволено ли е во предродилна да се носи мобилен и тоалет ...или и нив да ги ставам во куферчето што отпосле ќе ми го дадат. За останатите работи (облека за мене и бебе за излегување и транспортер, знам дека отпосле ти ги носи некој твој близок. Ви благодарам
Мене ме интересира за обична градска болница што треба да се носи за мене што за бебето и за колку дена пуштаат
Да прашам тука, дали тие што планирате да се пораѓате во приватна болница со пакувањево размислувате и во насока ако ковид тестот е позитивен па ве пратат на ГАК? Читајќи ги муабетите испаѓа дека за приватно многу помалку работи ти требаат да си понесеш ама за на ГАК не е така... Не сакам да мислам во негативна насока но сакам да бидам спремна за секоја ситуација па ме интересираше дали има уште некој со истата 'дума'.