Мислам дека ќе ставам уште Едно боди 56ка Една шпикозна 56ка Целокупна јакна 0-3 месеци И две пелени Ќебенцето плетено рачно И така си се спремив јас како на гости да одам.
Во болница не дозволуваат да се носи облека за бебе, освен таа што ќе ти ја донесат пред да излезете за да го изнесете бебето. Во чаир се породив пред 3 недели , за бебе бараат пелени и крема за пеленска регија и ништо друго. За мене носев несесер со лични работи за хигена ( паста за заби, четка за заби, лабело, чешел, стегач за коса, антибактериски сапун за подмивање -не се препорачува купка, дезедоранс, крема за лице, антибактериски гел, влажни марамици, маски за лице-со неа и на бокс и тоалет хартија ). Од гардероба-ништо. Имав мрежасти гаќи ама не ги облеков, ме болеше рана и најкомотно ми беше со Вир влошка само мегу нозе. 2 пакетчиња вир влошки, пешкир за туширање и еден за лице. Една тетра пелена која ја ставав на креветчето кога ми го носеа бебе и две пелени за постелување ..во случај да го извалкаш чаршафот па дур да ти дадат чист. За брадавици носев крема на медела, и вештачки брадавици..ми завршија бааги работа во болница. Од храна -ништо..освен течности, чаеви, вода и јогурт..ама тие ми ги донесоа откако се породив. Исто носев папучи, дека нивните се многу големи, чпрапи 2 пара и една наметка за навечер, дека по спавачи само може да ви студи. Тоа е се што нпсев, и се ми вршеше работа, се што имав искористив. Ова за во Чаир, а за во приватни болници мислам ништо од ова нема да ви треба.
Па и за таму додека сме, сигурно 3 дена ќе бидам таму, а маж ми има само еднаш во денот право на посета и не сакам ништо да ми фали. Тука оставаат свои работи да земеш, па и нека има резерва, никогаш не се знае.
Ај сега јас со моите потпрашања Кои се вир влошки и каде да ги купам? Вештачки брадавици од каде ги купи? И јас планирам да се проаѓам во Чаир, така што прибирам инфо што треба да понесам со себе. Кој доктор те породи во Чаир и дали си задоволна, како помина? Ова успат прашање, не ли се лутете ❤️❤️❤️
Кога ти е термин и ја ќе идам чаир ќе биде интересно ако си се најдеме сите тука некаде ако сме во чаир околу 20 декември
Па заден термин ми беше 25 декември, последен преглед го помести 2 недели понапред. Не се знае кога може да му текне да излезе. Напреден е машала, па ќе видиме кога ќе се појави. Со лесно да ни е. Која ќе иде прва ќе раскажува, а ако сме заедно ќе урламе заедно тоа е тоа хахахха
Јас сум утре на контрола со надеж да ми го убрза терминот , по менструација терминот ми е 23 декември најкасно 25ти. Се надевам и мојот ќе излезе барем 7 дена порано, пукам готово значи.
Прво пробај без силиконски брадавици, тие не се задолжителен аксесоар. Ако навистина има потреба ќе купите отпосле.
Која маст ја користите за брадавици? Се мислам дали да купам бидејки првиот пат кога се породив керка ми не сакаше да цица заради маста што ја ставаф.
И мене ми е 25.12 термин и до сега ништо ми нема кажано дали девојчето мое ќе дојде порано баш кога ќе идам мс цтг ќе ја прашам а во чаир кога гледаа на ехо во 33 недела ми рекоа дека е голема како за 35 недела а јас сега сум 35+3
Кој лекар го избра во Чаир? Јас сеуште не сум била. Ќе барам упат од матичната деновиве. Само прво да одлучам кај кој. Не ги знам докторите. Некој препораки?
@BeloMache jas kaj Nedzipi bev,mnogu sum zadovolna,I dve drugarki kaj nego Se poragam isto Se prezadovolni