Фала многу што ме праша Контролта беше супер, бебче е супер исто завртено надолу, спремно за излегување, само јас нешто железо слабо имам па ќе примам инфузија. Пишав во "Трето тромесечие" подетално. Ах да и ми рече 37ма недела дека сум сппред ехо, т.е една недела понапред.
Јас денес почнував со припрема на торбата за во болница досега ставив сапун дове паста за заби и четка наметка у случај да ми е ладно еден пар термо чорапи и еден пар веш еден голем и мал пешкир
Лелее, јас ништо немам почнато да спремам термин ми е 01.01.2021. Сакам да се пораѓам во Гевгелија, па ме интересира ако има некоја членка да пише што носела, ако не чекам прв цтг, па да ги прашам директно нив.
Јас за во Гевгелија спремив исто како пред 4год. кога се породив со првото. За тебе ти треба голем и мал пешкир, сапун, четка, паста, влошки Вир, влажни и суви марамчиња, влечки, пижама и непропусливи подлоги за повивање( јас тие ги ставаф на кревет да не го извалкам). За бебе памперс и павловичева. Тогаш носев и тетра и шведски пелени за широк повој, па зедов и сега.
Zdravo meshinja, brojam sitno, imam ushte nekoj den pa sakam da ve prasham za vo Chair shto da si spremam
Јас ќе си спаковам и пегла за коса и шминка. Па ќе видиме дали ќе имам време да ги искористам. Искрено косата моја после туширање е како гром да ме има мавнато, нонстоп користам пегла.
Јас си имав спакувано пегла за коса, фен, сув шампон во случај да неможам да мијам коса. Шминки, огледало се тоа. И се шминкав ( не нешто многу) малку маскара ама се средував..
Хахаха и јас сум иста со пеглата, ќе треба за сликање кога ќе излезеш од болница, јас мојата ја ставив во торба
А мислите дека ќе имате сила за дотерување? Освен ако не се породите во приватна болница па некој тоа за вас да го направи Јас природно се породив со епизиотомија,едвај се истуширав и врзав коса во реп ,а не па да се сушам со фен и да се пеглам. Плус тоа бебето е со мајката,па не знам колку слободно време за пеглање ќе имате. Навикнете се на коса во пунџа, mom life
Јас не се ни избањав во болница, немав сила. Ми се понуди болничарка да ми помогне, ама јас не бев способна. Косата ми беше врзана кога отидов да раѓам а ја одврзав дома.
Јас гледав само да дојде момент да излезам што побргу од болница не па да се шминкам или пеглам. Сепак секоја си е различна
спакував и несесер и пешкир и мала крпа тоалетна марамици улошки ставив и вода и леден чај и чорапи , ама вчера читам на ургентно залепиле лист ...само улошки , папучи и тоалетна - ТЕЛЕФОН НИКАКО некоја на ГАК што се породила скоро да ми пише искуство дали ќе успеам да се качам со торбицава или да не се будалам ....
Јас сум породена пред еден месец, никој не ме проверуваше што носам во торбата. Ама и да не си земеш нешто цело време разнесуваат со кесите така да ќе можат да ти донесат што и да ти фали.