после пораѓај може да ти донесат зошто пред да се породиш не си на одделение тука во предпородилно и ништо нема да ти треба. дури и алиштата ќе му ги дадеш на маж ти кога ќе те примат. таму ти облакаат спаваќа и чекаш.кога ќе се породиш ќе ти ја донесе маж ти торбата што си ја спремила предходно со неа ти неможеш да влезеш . јас му предадов се на маж ми ама мобилниот го шверцував пред да се породам. јас се породив после 15 саати од како ме примија. и чекав да се отворам на патолошка, а сабајлето ми ставија провокација па тек отпосле се породив.а торбата стигна после 10саати од порагај. зошто најмалку 3-4саати несмееш да станеш од кревет после порагај.
Вака за мобилниот не ти е лоша идејата Симона не ги проверуваат торбите ,само јас кога се качив со цела торбица сестрата ми рече извадиги само влошките а другото утре ке ти донесат ,ја прашав за мобилноот не знам ни што ми кажа ама јас од паника сум го оставила во торбицата ,и така беше сабајлето уште на бокс ми го донесоа мобилниот и нешто мм што купил а торбицата одма само што ме симнаа на кревет ме чекаше , затоа сега во посебен несесер само влошки и мармици спакував (моб ке го ставам во влошките значи ) а за клизмата од дома да ставам леле не знам како ке биде со болки , водењак и тогаш немаше никаков ефект ,дали дека дента не јадев нешто многу ама знам дека џабе ми ја ставија ...
Торбите не ги проверуваат. На ГАК прво те носат во претпоридилна сала, јас си ја земав со мене цела торбица, не ми напривија никаков проблем, дури и мм се качи со мене до горе и тој ја носеше торбицата. Во претпородилна сала ќе ви дадат Ваш кревет, ќе Ве легнат на ЦТГ и торбицата ќе си ја ставите на масичката. Јас додека лежев со ЦТГ-то од време на време си правев муабет со мм на моб, заедно си ги издишувавме контракциите , т.е. јас му викав чекај малку да ми помине контракцијата . Ни ми правеја ниту мене, ниту на др. женички проблем за мобилни. После Ве носат на бокс и после раѓањето 3 часа седите на бокс, по Ваше барање ако начекате добра сестра ќе Ви ја донесат торбицата, а ако не истата ќе Ви биде донесена во соба. Тие 3 часа си истерав доста муабети на моб. Инаку мене чепче таму ми ставија. А во Чаир ставаат клизма, а не чепче.
I jas lolita dve smeni si zborev normalno ama prva smena se pogodi edna mocla I samo sto vide deka imam mob mi go zema I koga odev nakaj sala mi go vratija A tel mi trebase cela nok bev tamu maz mi vo ocekuvanje prirodno-carski nisto ne se znaese
Не мие е јасно зошто не ви дозволуваат ск да си ги носите мобилните? јас мојот мобилен го имав цело време со мене,дури на боксот ми стоеше кога пробував природно да се породам сериозно кога отидов во операицона сала моб и го дадов на бабицата и штом се освестив одма ми го даде а и во бт торбицата цело време е со тебе
ххех и битола не се нешто поарни, ама мислам дека не се замараат воопшто со мобилните телефони, не ги ни забележуваат
И јас почнав со пакување на торбицата Како ке ми текни нешто си додавам во неа и на крајот пак нешто ке заборавам хехехехх Во секоја болница е различно па затоа неможам да се ориентирам по коментарите на феминките Ако заборавам нешто затоа е тука мм за да ми донесе хехехех
Форко зошто сакаш во Чаир да се пораѓаш? Мислам дека ГАК ти е каде каде подобра опција, штознам Еве јас во ГАК одам на предавањата за трудници и баш не шетаа низ болницата, ја видовме претпородилната соба, боксовите, собите каде што се мајките и бебушките и не изгледа лошо, Плус и реновирана е, мислам дека е подобро него ли во Чаир Другарка моја се пораѓаше во Чаир пред 2 месеци, ама не по нејзина желба него таму врски имаа и воопшто не беше задоволна. Услови како услови, мислам дека на ГАК се подобри, чим ја на мм му реков а да се пораѓам ја тука што викаш, значи не е толку страшно Е сега, за персоналот незнам, за тоа како се однесуваат таму неможам да зборам, вака сите фини насмеани изгледаат на часовиве, небаре оделе на пракса во Ремедика Незнам, Чаир некако се си имам мислење дека е далеку полоша опција од ГАК ама пак нека кажат мамичкиве кои се пораѓале таму, може трескам зелени јас со муабетов. А и со клизмата не ти кажува тоа нешто? На ГАК бар чепче ставаат, а тоа подобро е, не?
Читајки во породилни приказни што се се случува во ГАК и кајко се понашаат не клизма што сака нека ми стават... Највеќе мразам дрскост и ароганција и затоа не сакам во ГАК.
не е толку стреашна клизмата хахаха ако неможеш да додржиш дур одиш во вц ќе бришат по тебе хахаххахаха за разлика од чепчиња не се чека реакција има одма. извинете на детаљи
Мене ми дадоа списоче за во Чаир (од искусни родилки)- Прво се оди со книшка, упат од гинеколог и толку. Откако ќе се породиме мажињата треба да ни донесат мало торбиче со: 1. 10-15 пеленки за бебето (најдобри биле Дајперс од зегин за новороденчиња) 2. Влажни марамици за бебе и мама (4 во 1 Памперс се најдобри и ги има во Зегин) 3. 3-4 мелни пелени или платнени крпчиња (за да си го легнувате на чистичко) 4. павловиќева за новата мама да има во торбулето: 1. Течен сапун ( најпрактичен за одржување на хигиена) 2. Пешкирче за лице и тело 3. Пластични папучки, еден џемпер и чорапи (заладувало навечер-ова за пролетни мами) 4. влошки со мрежичка медицинки ( 3-4 пакувања затоа што мнооогу ќе требаат по пораѓај) 5. Мрежести гаќички за една употреба (за да се држат горенаведените влошки) Се друго е непотребно и вишок за тие 2-3 па и 4 дена во болница. Кога ќе ни кажат дека ќе си одиме тогаш од дома ги тераме да ни донесат алиштенца за буцето и за нас. Погоре може се чини дека го промовирам Зегин, ама верувајте цените на списоков се мнооогу поефтини од таму отколку на други места. Проверете ќе се уверите дека разликата е 300-500 мкд.
Какви се тие гаќи со мрежичка каде ги има? А и мене ми кажаа дека за во Чаир не требало папучи и спавача.
Гаќичките ги има по аптеки, а за папучите исто рекоа не мора, ама можело да се погодат некои ептен големки ) исто и за клизмите, ми рекоа дека не е страшно ако немаш клизми )
Форко имаш од овие гаќи и во бебе комфорт и можеш да си ги нарачаш. Јас минатата недела си ги порачав и ми ги донесоа наредниот ден. http://www.bebeconfort.mk/product.php?id_product=422 овие се обични, за спонтано породување, а овие како боксерки се за царски http://www.bebeconfort.mk/product.php?id_product=423. Јас ги зедов првите, ама да ти кажам земај си големина М затоа што се доста големки и се растегнуваат. Големините им се М, L и XL па си викам М ваљда за многу слабички и зедов L па испадна дека ми се големи За во аптеките незнам какви има, претпоставувам исти се ама не сум видела. Уствари не сум ни барала Него сакав да прашам во врска со улошките, гледам сите препорачуваат тие вир80 како најдобри, јас ги купив пред некој ден ама некако многу без врска ми се, само мрежичка преку памукот, па си викам зар нема да се лепи тоа на раната? Кај шиени доле, крв па уште памук да вадам од таму Некои други има? Бар оние цели одозгора како хартиени што се, имаше на времето едни такви, не ми текнува на палома ли беа или незнам чи, од доле исто како овие вир имаат како кесичка ама место со мрежа, обвиткани се со некој материјал како платно-хартија. Не се подобри такви некои?
Е се малку скапички, ама па се 4 пара внатре, 1 пакување мислам дека ќе ти е доволно, евентуално 2 во случај да се остане повеќе денови. Кога немаш друг избор тоа е Незнам по аптекиве колку се, може се поефтини, ајде нека пише некој кој знае исто и јас треба да земам затоа што овие големки ми се па незнам дали ќе ми ја вршат работата за што и ги земам, да ја држат улошката како што треба, да не ми шлакне на под при првото станување...
Па ќе си земам бе обични гаќи ако е дозволено гаќи да се носат не е морално еднократни.Значи се напнав веќе со ова болнициве едвај чекам да се породам и да ми се одмори главата.Ова треба она не треба, вака ќе биде онака ќе биде...аман