Здраво дечки, Во скоро време треба да се породам на ГАК со царски рез. Кажете ми што треба да си спакувам за таму за мене? За бебуш прочитав дека треба само памперс и влажни марамици, но за мене незнам точно што треба. Ви благодарам
Безразлика дали си царски или природно во државна болница ти треба, средства за хигиена, четка, паста гел за туширање, чешел, ако имаш долга коса ластиче, пешкири, папучи земи си пластични за секој случај, влошки, полнач за моб, земи си и некоја наметка ако си зимурлива, чорапи, лабело, тоалет..
Обавезно папучи, јас мислев ќе ми дадат па едвај ми најдоа едни, се што ти пишала членката плус влошки со мрежичка и неколку влошки за гради, ова зависи како ќе ти надојде млеко, и подлоги за пресоблекување бебе кои ги користев и за бебето да го ставам на мојот кревет и си менував јас, зашто ништо не ми сменија за три дена додека лежев, а крварењето со царски е незгодно заради болките кај резот па ми протекуваше од што не можев да се наместам убаво, и слушалки, ако заглавиш на интензивна ако има доста раѓања ќе ти се најдат за да ти мине времето
За во Чаир ова ли требаше да се носи? Четка за заби Паста за заби Четка за коса Крпа мала и голема Сапун Вир влошки Пластични влечки Полнач За бебе памперс и крема за бебе. Не се породив оддамна ама сум заборавила што се носеше
Јас ставив и влошки за гради, гел за туширање, некој сапун антибактериски, тетра пелени 2 за бебето, влажни марамици и за мене си ставив, ластиче за коса, брич... друго не знам, мислам доста е.
36та почната, 13ти март краен термин, тебе? Заборавив да пишам: тоалетна, и баде-мантил таков си ставив или како и да се вика, и чорапи, ако ми залади. ќе ди ставам и вода и леден чај, планирам. Облека за бебе и за мене, од после да се носи, или?
Даа и тоалет и чорапи носев ахахаха Облека за бебе тогаш не носев ама сега ќе земам за да измерам дали му е таман. За првото јадна моја ќере пропадна во алиштенцата срам пусти ме изеде пред сестрата.. И ќе ги имам до мене и за мене облека планирам да земам за излегување. Поточно после пораѓај ќе ми ги испрати сопругот. Тогаш по два три пати ми носеше се што ми треба, храна и пијалоци.. Инаку за секој случај земи си и силиконски за доење. Јас три пати го праќав сопругот да ми купува и само на Медела ми се погодија ама немав млеко Другите им ги дадов на сестрите хахаха Мене термин некаде 20 март ама може и порано да биде бидејќи ќе одам на закажан царски. Може ќе се сретнеме хахах
Женски да ви кажам дека земав од мрежните гаќи за еднократна употреба за во болница и воопшто не се тоа што очекував....искрено незнам ни дали ке ми дозволат да ги носам,буквално гаќи се....очекував мрежа ама баш мрежа,ова нема врска со мрежа се разочарав а купив 2 паковања со по 4 пара внатре,малку да не ми биле
Што е потребно за породување во болницата во Охрид? Дајте искуства како поминавте и што да понесам за мене и за бебе.
Од каде ги зема? Обично материјалот е како хартиени, такви треба да бидат, не е хартија баш ама не знам како поинаку да го опиишам, се гледа дека е за една улотреба.
За првиот ден два во зависност дали си царски или природно не ти треба многу: маски и Вир влошки најважно. За кога ќе станиш после ти треба тоалетна, влажни, средства за лична хигиена...ако си со царски ни храна ни течности нема 3 дена ама за после можат да ти донесат сокови бистри, бисквити,двопек, јогурт... за бебето само влажни и пелени ништо друго... Облека за тебе ништо не ти треба дури ни чорапите не ги употребив претопло беше..гаки не дозволуваат или можеш да носиш ама пред визита да ги слечиш и најважно Полнач и мој совет Power bank...ако си природно во собите има штекови ама ако си царски во шок соба нема секаде и 3 дена молев сестри да ми го уклучуваат и исклучуваат телефонот од полнење
Колку пелени ќе спакувате девојки за во болница? Јас купив на бејбилов внатре има 42, колку да спакувам? Или сите?