Леле вака кога ве читам и јас едвај чекам да дојде моментот да се спремам, а тек сум 30 недела утре . Со лесно да ви е на сите мајки.
Ова во ДМ ги има и по 10 во паковање? Не сум ги приметила тие малечките. Најмали што имам видено се со околу 40 пелени. Кажи кај има да одам да си земам и јас, за во болницс доста ќе се за почеток, и ти дали само тие 10 ќе ги носиш или планираш да докупуваш?
Веројатно мисли на подлоги. Пелени има и мали пакувања, ама скапи се многу. Памперс 20 пелени окочу 250 денари 300. Бејби лов има мало пакување, околу 25 пелени, 200 денари. Ти не мора да носиш цело пакување, извади пола пелени дома.
Срцка, за подлогите пишав 10 во пакување, не за пелени, да не не се разбравме? Не видов подлоги по 40 внатре?
Само несесер и влажни марамици. Четка и паста, четка за коса, крема за лице, стегач, лабело зашто во сала ми испука устата и се друго што си користите секојдневно. Ама влажните марамици дефинитивно најупотребени ми беа зашто после операцијата очајно треба туш Се што ќе ви затреба можат да ви донесат од дома, а алиштата за искачање за вас и бебе ќе ви ги донесат денот кога ќе ве земат од болница.
1.Полнач и мобилен 2.Слушалки 3.Четка и паста за заби 5.Крем за лице 6.Од ДМ имав купено од тие малечките шампончиња за коса и купка за тело 7.Хартиени подлоги за на вц шолја исто од ДМ (испадна да бидам сама во соба и не ги употребив) 8.Рол он 9.Шминки си носев за да се дотерам за на излегување 10. Лабело 11.Паломи 2-3пакетчиња 12. Влажни марамици 13. Стегач за коса 14. Брич 15. Книга некоја ако сакаш 16. Чешел 17. Неколку маски Накнадно имав спремено облека за мене и за бебето за искачање од болница во едно ранче што мм ми го донесе. Тоа е се Влошки, мрежасти гаќи, спавачи, влечки и подлоги за на кревет мушамски, како и се за бебето(облека, памперс, тетра пелени, цуцла) даваат таму. Има сапун во собите кај мијалниците и во туш кабините. Фен ако побараш ти носат. Исто силиконски брадавици, ланолин и пумпа за одмолзување гради има таму.
Како веќе породена во Чаир, кажи сега совет од тоа што си спремила за во болница што стварно ти требало и ти се нашло и што ти текнало од после дека си заборавила? Фала ти
Вир влошки Сапун/гел Средство за раце за дезинфекција Маски Слушалки за телефон обавезно Полнач Папучи си носев мои иако имаат Чешал,паста и четка Такви подлоги што сме збореле не користев зошто има подлоги Влажни и пешкири За бебко павловичева, влажни и пелени.
За визита треба да се извадат гаќи, инаку некои си носеа и обични врз влошката, ама пред визита влегуваат и ти викаат визита иде,маски ставајте и гаќи вадете.
Мајки некоја скоро што се породила на ГАК да ми каже што треба за мене и за бебе да носам? Планирам неделава да ја спремам торбата
Кажете ми дали има смисла да си носам некоја книга за на болница или за џабе ќе ја влечкам? Пакувам ствари, до книгата стасав