Mi spomnaa i PCR test da pravime za poragaj , samo neznam od kade da napravam .. dali tamu direktno ke me testiraat ... Koja e taze porodena neka spodeli iskustvo
За ГАК (породена пред 2 недели, три дена останавме во болница) Околу 8 наутро визита за мајките, претходно доаѓаат сестри/болничарки ви мерат притисок, евентуално температура. Визитата трае неполна минута. Маска на лице, спаваќата крената, гаќи никако, влошката извадена Визита за бебињата имаше во текот на денот, најчесто попладне Отприлика до кај 10 ни ги носеа бебињата (спонтано породени, за царски не би знаела), ни ги оставаа до вечерта (некогаш до 9, некогаш до полноќ) Тие што не беа доени им даваа дохрана со шприц на 3 часа (бебелан) - Тест прават на прием, со крв од прст, за неколку секунди резултати - Спаваќи може да се носат и свои, но ни носеа секој ден нови и јас моите не ги ни пипнав - Облека за таму за бебе ми кажаа претходно породени другарки дека може да си носите и ваша ако сакате (јас не носев) - Пелени (носев 10 точно, ги потрошив сите и немаше потреба да ми носат дополна) - Влажни марамици за бебе - Вир, МНОГУ. - Средства за лична хигиена, како што би спакувале за некое патување - Мрежести гаќи носев (ги купив од ДМ 4 во пакување) чисто за спиење, ми беше несигурно само со влошката на мене преку ноќ - Маска задолжително, со неа на бокс, додека има докторки и сестри во собата, кога бевме сами со цимерката не носевме - Павловичева носев, не ми побараа ниеднаш - Тетри - Храна ни носеа трипати дневно, околу 8-9 наутро, пладне и кај 3-4 попладне. Не е на одмет да си спакувате нешто од дома (или евентуално да ви донесат) - житарки, кроасани, грицки, кафе... чисто ако огладнете или ако сте пребирливи јадачи - Пешкири, за вас за туширање, коса, лице... За излегување од болница (околу 35 степени мислам дека беше дента) ја облеков во ромперче на кратки (горе и доле), ставив ракавици и чорапи чисто да не се гребе зашто имаше предолги нокти. Имав спакувано и шпикозни ама на 35 степени ќе беше ненормално во долги да ја облечам
Се уште важи протокол за маски во затворен простор, тестираат за да знаат дали да не сместат во ковид дел или не (претпоставувам)
Малку контрадикторно бидејки месецов кога одам на прегледи пола од сестри и доктори воопшто не носат маска или им стои на врат. Јас секогаш одам со 2 маски за моја заштита. Не ми беше логично зошто после негативен тест би ја носела на бокс. Сепак фала за споделеното искуство.
Јас со царски бев, не само што цело време бев со маска за време на операцијата туку и кислород замисли ми даваа преку маската. Така неможеш да дишеш и уште тоа ми фалеше.
Јас се породив лани во август и беше мн топло а и страшни болки имав. Маската цело време ми беше на вратот и ништо не ми рекоа. После кога идат на визита се караат ако не носиш маска
Јас носев четка за заби, чешел и стегач за коса и мобилен со полнач, друго сé има таму и за мајката и за бебето. Ајде, брзо и лесно да минеш