Тоа незнам, јас се породив пред короната, но мислам треба да си носиш брз тест од аптека и таму на прием ти го прават, сепак нека каже некоја мајка која се породила скоро
Ти благодарам Јас исто со првото носев се во куферче, но ништо не искористив дека неможев да станам од кревет од царскиот. Термин ми е во најголемиот студ во јануари па сакав да прашам дали смеам да понесам свои спавачи (во ск не дозволуваа) и некоја термо наметка со оглед на тоа дека сум многу зиморлија
Па јас не носев, ама цимерката моја си носеше и пижами и спавачи и наметки, се нејзино, е сега таа беше природно породена…ама искрено вентилатор ќе ти треба а не наметка претопло беше, јас во јануари се породив, умрев од жештини
Супер штом е топло, тоа и ме интересираше а бебенцето кога си го зедовте како беше облечено? Јас планирам боди, шпикозни плишани, скафандерче од оние меките како меченце и капче плетено
Да знаеш со скафандер нема да можеш да го врзеш во транспортер…според мене не ти е потребен…моето беше облечено во боди, плишани шпихозни и плишано кебенце и памучна капа…искрено бебето е надвор 30 сек, од врата до в кола..колата секако ќе е затоплена
Девојки за бебо зедов пеленки бр.2 од 3 до 6 кила …ок е или да земам помали од 2-5 кила за во болница барем па ке си искористам после и поголемкиве …мислење ?
Земи си прво најмали, кец, секако ќе ги искористиш. Јас од кецот искористив 2 пакети, кон крај на првиот месец почнав со двојка.
Додека да падне папчето и 1ца може, ке ги виткаш секако. Ама две три пакувања најмногу ке ти требаат. Можеш и едно само потоа двојка продолжи.
Devojki nekoj dali skoro kupuval od mrezestite gaki vo dm i slika ako ima sa mi prati ili kaj da najdam jas barav vo dm ne gi najdov
Стварно не ви требаат мрежести гаќи посебно ако си со царски, облечи високи xxl гаќи и пред визита ќе ги извадиш, после дома ќе си ги искористиш
Не знам колку пари се ама реално нема потреба од чико мико, предпоставувам држат цена ради име. Земи си од ДМ, јас како памперс ѓаки морав да мосам оти ненормално крварев и со се друго бев секое седнување од горе до доле хаос. Идни мајки, не фрлајте пари на глупости што при тоа се фрлаат за 10 минути. Најефтините, најголемите и ќе завршите работа.
Јас од ДМ земав, само на Чико имаше. Околу 350 ден чинам беа ( 4 ком). Едно паковање земав, немаше појќе. Велиш да не купувам појќе? Вир влошки земав 5 паковања. Доста се , или да земам уште?
ВОДА да си земете! јас тоа заборавив, среќа колегите ми пратија корпа витаминска и вода ставиле, преживеав
Jас ги видов 4 пара за 300 ден. Колку треба да бидат? Скапи ли се овие? Не сум во тек со цените не знам ни кај да гледам на друго место.
Тие гаќите од чико се никакви…ако сте покрупни нема ни да ве соберат…пробав да ги облечам после пораѓај до колена ми беа…првите 3 дена не ни носев гаќи после си носев труднички од Сара фешн, ги слекував пред визита
Ај ме утеши, јас 63кг, а без да видам аум земала 38-40, па белки ќе ме соберат. Ај и пд тие од сара да земеме. Веќе не знам шо да земам шо не.