Бидејќи има теми што за појадок, ручек и вечера, решив да ја надополнам низата на оброци со Што денес за десерт? Верувам дека секој од нас колку и да се ограничува сепак после некој од горенаведените оброци посегнува по нешто благо.. па повелеле Спојлер ако има ваква слична тема нека се избрише!
Е денес десерт ми беше пченица со мелени ореви, ммммммм ја обошавам, цело тенџере можам да изедам толку што ми е слатка
Харибо бомбони, народе!!! Ем квалитетно благичко, ем ми е нешто останато од младоста, ем да се намачи желудникот да вари. Ем ке троши сам енергија, ем јас ке слабеам. Секако. Како и да е, јас љубам Харибо, тој ме љуби мене. И така нека остане.
Не ги гледам мислењата, не ги гледам мислењата.. Уффф. И јас сакам! Денес за десерт - банани. Морам да се чувам и за изглед и за здравје. Така ми рекоа.
Денес козуњак со мармалад (да смениме малце, не е на арно торта секој ден ). Едит: не со мармалад, туку со слатко од јагоди. Ми се потрошил мармаладот.
Лажичка мед. Ако може да се рачуна за десерт (аналогно на тоа што е благо де ). Иначе одамна го заборавив тоа оргазмично чувство кога ти се топи некоја квалитетна чоколада во уста. Аххх...маки...
И ваква тема се отворила, па ајде да ја сефтосам хаха Јас сум голем љубител на благото. Просто, денот не може да ми помине без нешто благо. Вчера правев зебра-колач, па тоа е на менито за утрово....а можеме да додадеме и еден чоко-бисквит