Пробав денес да ги правам овие чоколадни чашки ептен интересни дојдоја.... http://popara.mk/recepti/desert-vo-chokoladni-chashki/
Им правев некоја варијанта на алва и се' се изеде, домашните сити, јас презадоволна Побрз десерт здравје, ааа и др. пат ќе им правам. 1 филџан масло, 2 гриз, 3 шеќер, 4 вода. Маслото и гризот се пропржуваат, гризот да зарумени. Во меѓувреме се варат шеќерот и водата, да зоврие. Се истура во гризот и се вари додека да згусне, со постојано мешање. Се излева во правоаголен калап, да се излади, па се сечат коцки.
Исто Харибо, и тоа оние жолтите и розеви мечиња. Најголемото пакетче-15 денари во нашата селска продавничка Се фаќам за обичните од 10 денари, колку ви се овие (кујзнае како се викаа Habbibo Ли Habbebo ли)- продавачот ми вика 10 денари, а овие другите ? - тие се 15 ми вика Се фатив за глава 15 ?? Давај ги сите. Па и му викам одозгоре имате ли уште ? Треба да наминам овие денови, да видам ако има уште па после бизниси ке си правам по Фемина ке продавам пакетче - 20 денари. Толку слушнал тој кутриот што е Haribo а што Habibo
Ништоооо на диета сум Може црешите да ги ставам на список..... ама сепак би пробала нешто чоколадно.... ааа не неее никако на диета сум.....
Ова чоколатце ми е омилено во последно време после милката се разбира Прво го пробав тоа со Алпско млеко а сеа Бисквитката е на ред Бујрум