Пица, најлесна ми е за правење а сакав еднаш јас да бидам таа што ќе зготви нешто за јадење, па пицата ми се виде како најдобра опција
Стек, пире и супа Искрено цела зима ја претерав со стек, едвај чекам да се потстопли да има повеќе избор на овошје и зеленчук....не можам веќе вака
Денес за ручек имаше компир манџа. Каснав малце од тоа,и јајца јадев и кечап и кисело млеко и лепче... Од се по нешто
Денес за ручек(за мене појадок ) имаше месо на ражен,компир и зелка салата.За десерт потокали и потоа следа пуканки во кревет и филм.И сега само што јадев шпагети.
неделниот ручек по дифолт ми е нешто набрзина што се прави или се јаде она што има во фрижидер (риба, месен нарезок итн), барем ден ден во неделата да дигнам глава од готвење, да се одморам, да прошетаме некаде, да си го посветам на себе Денес за ручек... пире и виршли.