Денес треба да ми се честита за тоа што се помина низ мојов желудник. Сега и 2 дена да бидам само на зелен чај, не помага Почав со еден фиѓ мек од Мекдонадс, којто го купив за мојто либе зошто требаше да му ги дадам клучевите, ама беше на состанок, па ни кола, ни сендвич доби После бев во мексички на ручек, спонтано, со пријателки. А само што го изедов сендвичот. После мексички отидов дома, и ми се бендиса ручекот, па јадев и ручек. И ова се беше во рок од некои 5 саати. После два саати отидов на мекици, и таму нели морав да јадам мекици, па не е културно да не земеш. И сега, душава изгорена ми е за благо, отварам во недојадените пакетчиња, и што ќе видам - моето омилено Милка со крем! Екстаза! Е утре не се качувам на вага. Нема шанси
Тестенини со карбонара сос (+ неизбежната сол; што да правам, никогаш ништо не ми е доволно солено се‘ додека не си го насолам по мерка) и одозгора домашен сос од домати и оригано + вода.
морска риба со зачин и лимон, компир салата, ориз со морковчиња и свежи краставички со оцет, задоволна сум од денешниот ручек!