Е денес немам ич време, па ручекот-вечера ќе биде ладна салата од ситни тестенини, со краставички свежи, кашкавал, шунка, сецкани на коцки, малку марулка, рикула, сецкани ореви, лукче, павлака, малку кечап, сусам и чили сос....мноооооооогу вкусноооо...и нормално домашна пилешка супа со печурки
Варени компири и сирење. Слободно можам да кажам дека ми е едно од повкусните јадења, кои не ми го оптоваруваат стомакот И плус, сирењево што го имам моментално во фрижидер е ммммммм вкусно, така да од сега сум свесна колку можам да изедам хахах
Сакав да правам мусака,ама нема да имам време кога ќе се вратам од работа ќе си купам готови кори и ќе си направам бурек со мелено мевце и кашкавал,и така љубовта одамна ми го збори да го правам