Чорба од леќа, фелафел, тебуле, хумус, лепче и чај Ова хумусов, кога и да го изустам или напишам, замислувам полна порција со квалитетна црна почва Тоа беше ручекот на работа, или можеби појадок беше, зошто беше пред 12 Дома ручав пржени јајца со шитаке и чајна. И тоа во 10 навечер. Е крв да ми се стори де А да, ова според времето вечера ќе да било Тууу, значи денес не сум ручала
Пааа мајка ми ќе готви риба- харинга. Татко ми некаде слушнал, некој му кажал дека е многу здрава и сега треба да ја пробаме. Мене ми е вкусна, ама страшно ме нервираат ситните коски! Да се утепаш од коски вадење, не е фер Спојлер Ама така е кога се трудиме дома да се храниме според некои правила за здрава исхрана, ќе си чистиме коски хаха