Девојки, ама го затеравте денешниот ден со грав! Арно сте уште по дома а не летнавте до некоја друга земја од гравчево. Јас после толку грав досега ќе бев лансирана до Монголија Денес? Денес т.е. кога ќе станам планирам да си зготвам некое лесно јадење, тестенини со сос од патлиџан, босилок, печурки и со пармезан. А може и ќе го „дотерам“ сосов уште со нешто, но засега вака ми се гледаат работиве
Печено пиле,пире, и грашок,и марула салата денес подранив со ручекот па еве ќе си ручам сега бидејќи одсабајле сум на едно јаболко ....и да -бело вино
Стандард СУПА. После супата пире, шницли од соја, салата од марули и крставички ( ги намалиле крставичките ) па можеме да си ги дозволиме, и на крај како десерт едно-две парчиња парена торта. Брзо се прави, не е потребно многу мастраф и БРЗО се лапка.