Леле денес кој изум го направив Здробив марула во длабока чинија, ставив маслиново масло, па насечкав на ситни коцкички 2 мали парченца интегрална пита, и додадов исто ситно исецкани коцкички од тенко парче свинска кременадла на скара кое претходно си го имав стоплено на тостерот. Преубаво беше, и многу декоративно
Супа од говедски коски, интегрален ориз со зеленчук, потпечени печурки (буковки) и едно парченце стек на скара, и многу салата...
Печени соја шницли ,со рестован компир,супа домашна-made by me и салатка со зелка,марула и роквички и како одеше со чаша црвено винце,мераци
Супа, риба црвеноперка, крап полнет, свинско, пилешко, ориз печен, компир печен, шопска, марула салата со младо кромидче и за десерт баклава и ванилици.