Чорба македонче! Сериозно чорба или манџа сеедно од брокула, карфиол, морков со кромидче, пиперка и домат.
Уште ми е тешко од тој пустиот ручек,кој ме тераше толку да јадам,ко да мислиш нема утре. Прво две кифли со шунка и кашкавал во комбинација со кечап и мајонез,и после изедов јас улавата пет топки сарма. Пет!! И крашниче. И испив три чаши вода и не знаев кај терам. Сега кога спомнувам ми се повраќа,ама преѓеска гладна,не знаев што попрво.
Првпат правев сама грав.Во тавче.И домашни кобасици.Резултат-предобро да биде вистинито Отсега секој петок-грав! П.С.Го правам поубаво од дечко ми,и тој призна дури