Супа со морков, пашканат, кромид, пченка, брокула и ситна тарана наместо фиде. Домашни колбаси Динстани свежи печурки-буковки Марула салата со младо кромидче.....и цел ден не се мрднавме од апаратот за вода.
Најфантастичните канелони со говедско и сосче. Плус мала пица со шери доматчиња и моцарела - од новиот пица ресторан, се изреметив какви вкусови има. И на крај, тирамису, полно радости.
Гарнинран жив лосос, варено јајце, салата од рукола, прелив за рибата, лепче потпечено со кашкавал и пивце.
прво и основно - пред јадење супа.тоа ни е дневна рутина на целото семејство потоа едно добро крабче со марула салата и топол домашен леб. мф мф мф
прво чести то празник и за многу години да ви е ! до година и повесели си со пријатели да си го славите ! инаку и ЈАС планирам истото да го јадам ама не дома туку кај луѓе пријатели и роднини кои даваат ручек и вечер по визита ! п.с. денес се спасив од готвење ! е па ај на здравје !