Се крчка, што би рекла баба ми, телешко во сос од домат, салата од црвена марула и пченка, претходно нормално супа магична по рецепт на мајка му на дечко ми со многу целер, пашканат и моркови, се за моите црева конечно да проработат. Ми се допаѓа ептен новиот режим на исхрана, само се надевам дека ќе има ефект од него, сега засега се осеќам одлично!