Растурен увијач Се прави на следниот начин: 1кг. парчиња стек се сечат на пола и се редат во тава премачкана со зејтин. Одозгора се реди сува сланинка исечена на тенки парченца (300 гр). Врз тоа се ренда околу 250-300 грама кашкавал. Се мати со лажица 200 грама павлака, 250 грама кајмак и 100 мл. млеко. Се полива врз претходно нареденото. Се пече 1 саат. Многу е сочно и вкусно, ја го обожавам.