Салата од варени компири и јајце. Појма немам рецептов од кај го најдов го имам зачувано во пц, големи се шансите и да е од форумов. Кој и да го има постирано, алал нека му е - ептен е вкусен. Спојлер 3 варени компири (ги сецкаме) 1 варено јајце (сецкано) половина главица кромид (сецкана) сето тоа го ставаме во чинија додаваме малце цеден лимон, оцет, маслиново масло, и сол и мешаме.. Јас покрај ова додадов плус чили и бибер. Превкусно!
Чинија ипол зеленчукова супа со фиде ( грашак, брокула, морков, целер), 2,3 лажици ориз со грашак + 2 шери доматчиња.