Правев чудесии со зачините што ми ги донесе... Прво салата марула со јајца, нешто меѓу Мимоза и Цезар салата, место пилешко само домат, млад кромид, дресинг од сенф, коцки кашкавал и препржени коцки леб. Нудлс со тиквички, печурки, млади клавчиња пченка, сос од павлака, кари, васаби и балсамико, и на крај лут Chaci зачин, нешто меѓу коријандер и кумин, ама ептен на врвче. И испадна лудичко и вкусно ептен. Залеавме со Кокта и вчерашни штрудли со јаболка за десерт
Парчиња пилешко во сос од свежи печурки (претходно испечени на фолија),морков,павлака,зачини-издинстано фино, во прилог со рестован компир. Зелена салата,парченца јајце, пченка, кубети.