Кифлички, слата со туна макарони, салата со краставички павлака, врат, кашкавал, шунка ... компир салата, фиш фингрс, ... зеленчук .... торта, баклава ... о лала ... ручеков
Варено-пржено-печен зеленчук и ќофтиња (што ич не ми беа у план,ама тате...) Сварив компир. Исецкав свежи шампињони, морков на ленти, зелка, кромид, брокула и пропржив со лук,бибер,вегета и кари. Додадов хопла и рендан кашкавал. Го исецкав со ноже на тенки тркалца компирот ...во земјена тават,врз него прженицата, малку кашкавалче (пармезан по би одговарало,али) изрендав и печи-печи. Фалеше плус состојка во ова...маслинки,маслинки (за мене) и пилешко месо (за брат ми). Ама, нели тате сакаше ќофтиња фамилија ужас сме.
Јас според ветеното диетално мени. Стек во сос од зачини со печурки и зелена салата. Моментално се пече, едвај чекам да бидне. мх мх