Денес сакам да правам кога ќе си појдам дома шпагети со некое убаво сосче. Не сум многу по тестенините, но шпагетките си ги потсакувам повеќе него другите тестенини.
Туна салата (со макарони од ситните, туна бела сецкана во масло, пченка од конзерва и 3 големи лажици мајонез)
Денес јас бев главна во кујната, цели 3 часа не мрднав од истата... Направив сос со сварено па заруменето на путер пилешко, свежи печурки пропржени на путер, неутрална хопла и кари; Компир по рецепт од форумов( сварен, па да отстои во кеса со презла, путер, мн зачини, сусам, и накрај го запеков на фолија и му изрендав малку кашлавал); Нафора со кашкавал; Шопска; Сварив од најубавите готови кокошкини супи на Подравка. Иако секогаш готвам со љубов, речиси секогаш нешто не ми штима со финалниот вкус, ама денес се погодив.