Оваа недела не готвев(за промена), бевме на ручек кај моите. Пастрмка, шопска, таратор, помфрит и пилешко печено. И пиво
Денес за ручек имам зелка со ребра нека замириса да се знае чија куќа мрсно јаде. Ја знаете онаа финта, ставаш мало парче сланинка на рингла отвараш прозор да намирисаат комшиите дека пржиш месо а ти зимаш теглата ајвар од минатото лето и уживаш. Затоа што кај нас од секогаш било поважно што комшијата прави и јаде отколку ние самите.
Домашна пица. На топлово одма стасува тестото. На мисла бев да јадам нешто надвор, но си викам подобро да знам барем како е нешто направено на жештиниве, па ќе потрпам малку додека пак да изладам дома.
Феминки , пред некој ден праев пица со доматен сос од оној томатело. Ама ми остана скоро цел пола кг . Некој совет , рецепт како да го употребам.