Ручек - зачинет варен компир, пржена риба и шопска салата Десерт - лубеница, добро оладена Вечера - сладолед
Се знае летна манџа,пола лето тоа го јадеш Пипер,патлиџан,кромид....и плус сирење,и плус као ај малце леб ама иде цел...
Денес јас готвам, поховани тиквички, полнети филетки од модар патлижан претходно потпечени на скара а наполнети со овчо сиренце пасирано, свеж патлижан и зачинчиња малку ким, свиткани како сармички, главно јело пилешко во кари сос (најбрзо се прави) со оривче и печурки, десертче нестле сладолед. А пред сето ова додека се крчка она узенце јас домаќа со овчарско салатиче со малку луто пиперче.