@Dalene Гвакамоле се прави со кромид, првпат слушам лук дека се става. Авокадо, сок од лимета, домат, зачини и црвен кромид - тоа е рецептот што го знам јас.
Поима немав се ми беше увртено дека лук се става. Значи точно си ја правам тогаш по рецептов, е сега не ставам сок од лимета, некогаш свеж лимон ако цедам или ако немам време јаболков оцет ставам. Тоа можеби ми е некоја отстапка од рецептов и моја модификација. Ај да не сум оф, за недела грашок манџа ми е во план и некоја салатка од сезонскиве зеленчуци.
Тестото за лебот ми излезе малку потечно но немам повеќе бело брашно туку само пченкарно. Некој совет?