Денес на свекрва ми рецептот за брзо јадење оти го правев во 6 сабајле. Ориз со јајце и супа. Ќе видам какво е на вкус, децава кога одат кај неа го јадат.
Што готвите најчесто преку лето?. Идеи ми требат за лесни оброци, на ова топло ај што е мачно готвењето па и не се јаде. Плус дома со пребирливи ептен ми е тешко со идеи.
Ориз како што правиш. Јас го правам пржам кромид и морков, во чаша мерам ориз и во истата чаша мерам 3 чаши жешка вода. Ставам зачини-вагета, сол, магодонос. И ставам на печење. При крај му скршив 3 јајца. И тоа е. Мн брзо
Нешто комбинирано со пиперки и патлиџан, леќа се вари брзо, пилешка чорба со зеленчук, јајца со пиперки, тестенини, салата со туна, тортиљи со зеченчук и некој намаз, ориз брзо се прави исто, спанаќот е брз, полнети патлиџани со сирење, може и малце да се потпечат....
Јас денес риба печев ослиќ во рерна и компири исто печени со зачин. Се утре ми е на мени супа и македонска салата со нешто сиренце во прилог.