И јас немав правено подолго време, ќерка ми не сака спанаќ, а на мене ми е едно од омилените јадења .
Земав испржив во тенџере кромид и шаргарепа, па ставив црвен пипер, па јунешко да се испржи малку, па ставив вода, компири и да се вари. За време на варењето додадов и вегета една цела полна рака. Не знаев што готвам, туку оставив на иманигацијата. И на крај испадна манџа со компири, односно ,,Компир манџа", која испадна превкусна. И денес се присетив на почетоците, па си ја скував пак. Прсти да излижеш.