Пиле печано со компир и марули салата! Ручекот е денес од мене, сега го ставив во рерна, се надевам дека ќе биде вкусно!
Мина ми даде идеја. И јас имам пилешки батаци ќе идам сега да купам од тие ќесите МАГИ и ќе испечам компири, се надевам дека нема после да пишувам во темата Идеја добра...реализација утка!
Аууу, јас скроз се заборавив на овој форумов, што заборавив и да ручам. Ајде одам да видам дали братко сака нешто Едит: братко бесшумно го напушти станов, ќе морам да јадам сама
И денес сум глана во кујната (затоа што сум пак сама дома ) Готвам полнети пиперки со ориз, дали ќе ги погодам ич не знам !