Јас како да станав зависник од компири, па секој ден јадам или пржени, или варени (па правам пире или салата со кромид, оцет, зејтин и зачини), ама ги обожавам потпечени во рерна со вегета! Абе прсти да си излижеш! Не ми треба ни леб, ни никакви додатоци, само така ги јадам!
Суви пиперки со праз и киселинка. Единствено смрдливо јадење кое ми се допаѓа, ме потсетува на баба ми
Џули исто ќе јадеме, само јас без домашно лепче. Манџичка со компири и свинско мевце, и салата од зелка, морков и цвекло.
И денес пак компир, ама мусака + краставички, карфиол и морковчиња од жива туршија. Ова компириве мислам дека ќе ми никнат во стомак ако продолжам вака...