Што добив (научив) од форумот?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Chocoholic, 25 јануари 2012.

  1. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    Што е она што вас ви оставило најголем впечаток од форумов? Што научивте, што добивте и какво искуство стекнавте?

    Јас иако не сум многу активна членка тука научив многу работи:
    Научив да почитувам туѓи мислења, иако некогаш не се согласувам со нив.
    Научив дека наоколу има многу посериозни и пострашни проблеми од моите и дека треба да бидам благодарна за тоа што го имам.
    Научив дека има луѓе-борци, и дека треба и јас да бидам таква. Да бидам позитивна и да не се откажувам.
    Добив место за да се ослободам од негативната енергија и да ги споделам убавите работи кои ми се случуваат.
     
    На angelche16, LittlePinky, danniela5 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.415
    Научив дека не постојат погрешни мислења. Постојат само различни мислења. :)
     
    На angelche16, tessie, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.558
    Допаѓања:
    17.719
    Пол:
    Женски
    Пред се мило ми е што стекнав многу добри пријателки :) , научив дека постојат многу различни луѓе со многу различни карактери, дека секој има различно мислење, и дека тоа треба да се почитува, и најголемото нешто што го научив е да бидам Позитивна пред се. :)
     
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    2.447
    Се чувствувам како да пораснав овде со вас, односно, уште растам.
    И не можам да кажам кои работи ги научив, едноставно научив многу нешта кои ми служат!
    Излишни се зборови за се’ она што го дознав од форумов. :)
     
    На Dog-lover и Chocoholic им се допаѓа ова.
  5. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    424
    Дека има многу фини и мили девојки и дека не е се така лошо и дека има и луѓе со поголеми проблеми од мене :)
     
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.310
    Пол:
    Женски
    Научив дека постојат добри луѓе со кои можеш да се дружиш без да ти мислам лошо.
    Научив некои работи кои не би ги научила доколку не би била зачленета овде.

    Но, научив и дека постојат луѓе кои што се толку уфилмани со себе што е чудо едно. Научив и дека постојат лоши луѓе, кои не гледаат како се чувствува другата личност и упорно навредуваат и понижуваат.

    Со еден збор, сфатив дека постоеле и добри и лоши луѓе...
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.268
    Добив неколку нови прекрасни пријателки.
    Добив лажни пријателства.
    Добив можеби и непријателки.
    Ова е еден женски свет каде жените си помагаат, си одмагаат, созреваат, љубоморат, па и делат љубов, пријателства, омраза, добрина, славиме победи, делиме подршка за падови, се шири и позитивна и негативна енергија
    Ова ти е свет во мало, сличен на реалниот, но не ист, бидејки тука се идеализираат многу лица од други а и самите лица си се идеализираат, многу е полесно да си дволичен, нереален, многу е лесно да пишуваш 10 реченици и да ги составуваш 2 саати, многу е лесно да си се возвишиш.
    Но затоа и добиваш помош, стануваш дел од дискусии, добиваш нови познавања, добиваш подршка која на моменти ти треба токму од непознати, добиваш и место за трошење на вишокот време пред се.
     
    На rose60, LittlePinky, Chocolate.me и 5 други им се допаѓа ова.
  8. MarioCasas

    MarioCasas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    36
    jas sum mnogu kratko vreme tuka i zapoznav mn prijateli, i mn ubavo se cuvstvuvam koa ke pomognam na nekoj koga ke dadam dobar sovet :)
     
  9. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Од форумов добив утеха дека сите ние сме со слични или исти проблеми,но дека некои се носат со тоа полесно некои потешко па затоа сме тука една со друга да се поддржуваме,тешиме,советуваме...
     
  10. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.887
    Дека ако имаш различно мислење од мнозинството, тешко тебе.
    Дека има луѓе кои знаат саглам да дискутираат, а има и такви кои не знаат.
    И дека заради форумов се доцни на училиште. :|
     
  11. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    293
    Од форумов научив што значи некој да те трпи дури пишуваш со капс лок!

    Од форумов научив дека нема погрешни мислења, само различни!

    Од форумов научив што значи да те советуваат онака најдобронамерно!

    Од форумов научив дека луѓето не се делат на лоши и добри, туку на луѓе со еден вид и луѓе со друг вид на карактер!

    Од форумов научив дека да се биде девојче е убаво!

    Од форумов научив за многу важности во животот за кои порано не сум била свесна!

    Со овој форум пораснав, и уште растам.. :)

    И ајде да не изгледа мојов текст толку носталгичен, подобро да престанам. :D
     
    На LittlePinky, Inna5 и Squirrel им се допаѓа ова.
  12. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    671
    Со форумов созреав на некој начин :)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.384
    Слободно можам да речам премногу кога бев несреќна сфатив дека не сум сама видов многу тажни постови во кои имаше чуства речиси како моите со тага пишував но воедно и себе си си помагав
    кога бев срекна со вас мои сакани феминки ја споделував среката
    Научив дека ..................................................................................................................................................
    Среката и тагата се брат и сестра рака под рака секаде одат заедно затоа
    многу си го сакам форумовFemina.mk
    ПОЗДРАВ ДО СИТЕ МОИ фЕМИНКИ
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tessie, Glossy-girl, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Од форумов научив дека има многу добронамерни луѓе со добронамерни совети :inlove:
     
  15. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    853
    Дека сите сме обединети во различностите.
     
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.019
    Допаѓања:
    8.553
    Пол:
    Женски
    Совет:
    - Побарај совет од непријателот, затоа што тој ќе ти ги каже недостатоците и ќе ти помогне да се поправиш.
    Добив:
    Поголема самодоверба, трпеливост, почитување и многу добронамерни совети.
    Научив:
    - Да не се плашам да си го искажам мислењето.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Искрено многу сум му благодарна на форумов бидејќи не ми е страв да го кажам мојот став, притоа да не се тресам дека некому тоа нема да му се дпаѓа. Да бидам голем слушател бидејќи ако некого ислушаш внимателно безразлика дали е нервозен, среќен или тажен и јасно и гласно без никаков страв да се побараш совет или помош.
     
  18. HeartBreaker555

    HeartBreaker555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Тотално ништо...празни муабети :?: |(
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    41.177
    Научив дека не сум само јас во анкс сосотјба,и како да се борам со неа и дека од лошото полошо има :!:
     
  20. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    897
    Исполнување на времето :)