Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што добив (научив) од форумот?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Chocoholic, 25 јануари 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Прано читав книги но ретко но оваа година како што има прочитано книги цел мој живот немам...научибв да читам повеке книги...и да уживам во тоа... :)
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    И јас така, ми помогнавте во многу проблеми и ви сум многу БЛАГОДАРНА и сите сте многу љубезни!

    Поздрав до вас и фала! <3 :)
     
  3. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Научив каде точно се наоѓаат







     
    На rose60, LittlePinky, feminium и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.702
    Допаѓања:
    174.841
    Пол:
    Женски
    Дека.. секој искусил болка барем еднашка во животот, преживеал, и продужил даље... не сме сами, сите раскажуваме свои приказни во кои секојдневно ги водиме своите животни битки...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Многу работи научив на форумот. Почнувајки од како да си ја контролирам анксиозноста, добив утеха дека сите ние сме со слични или исти проблеми,но дека некои се носат со тоа полесно некои потешко па затоа сме тука една со друга да се поддржуваме,тешиме,советуваме... Иако не сум многу активна кога имам слободно време секогаш ги разлистувам и коментирам темите што ме интересираат. :)
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Научив дека многу од наставничките по македонски јазик во училиштата слабо си ја вршат својата работа. Ретко кој пишува литературно и граматички точно. Не би да кукам ко баба некоја ама на моменти ме фаќа срам од основни грешки кои ги правиме.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Научив дека има амбициозни и добри луѓе што пред тоа не верував. Луѓе што зрачат со топлина,љубов,инспирација и емоции како нп. Шилеа :) Поздрав до неа. Научив дека во животот нема лош и добар пат, туку пат што ти самиот ќе си го изградиш. Дека треба пречките во животот итро да ѓи минуваме и со крената глава да чекориме напред. Да го правиме тоа што срцето ни го вели, но и да размислиме со "трезна" глава. За секој проблем тука ќе те ислушаат и ќе ти помогнат. Понекогаш некој нема исто мислење како твоето, па така тука научив што е СТАВ. Заклучив дека овде е мојот спас за депресијата. Темата СДК ми е омилена. Зошто?! Па,вака. Страниците се испишани со искуства за животот.
    Постови со емоции,љубов,тага,среќа,падовите во животот. Прекрасни постови кои те расплачуваат :) Од девојчиња и тинејџерки до сериозни жени со кариери. Сите генерации. Девојчиња, девојки, жени, продолжете само така. Поздрав до сите кои ја разубавија Фемина и ме научија на животот.
    Секоја чест за Фемина :clap:
     
    На LittlePinky, Ketrin.Moon, vinozito1 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    Луѓето и не се толку лоши, секој може да ти даде искрен пријателски совет иако не те знае ни познава :)
     
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    - Добив место каде секогаш можам да го искажам своето мислење, да дознаам како другите размислуваат, место каде секогаш би добила добронамерен и искрен совет, место каде времето на седење пред компјутер не е залудно потрошено...
    Научив
    - Дека колку и да сме различни ние сме слични
    - Дека женскиот свет е чуден (сфаќам оти момците не не разбираат) :lol:
    - Дека сите криеме тајни кои се закопани длабоко во нас и кои попрво би ги кажале на форум отколку на луѓе од реалниот свет
    - Дека сите барем еднаш во животот сме биле повредени на повеќе начини но тоа на многумина им помогнало да станат посилни, подобри и поуспешни...
    - Дека моите проблемчиња не се ништо во споредба со некои други кои поминале низ вистински пекол
    - Дека голем дел од луѓето колку и да се опкружени со луѓе се чувствуваат осамено и без поддршка
    - Дека сите чувствуваме исто само некои многу успешно ги прикриваат чувствата
    - Дека постојат прекрасни паметни млади личности па би било штета да зборуваме дека помладите генерации се отидени во бестрага
    - Дека развојот и патот на многу луѓе сепак најмногу зависи од околностите во кои се израснати

    Научив и многу други работи и најважно форумов ми помогна да созреам и да се изградам како личност...
    Благодарам Фемина... :)
    Благодарам Феминки... :)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ау многу работи научив. Научив цел куп нешта за сексот и диетите.
     
  11. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Научив многу нешта....Научив што да користам до почисто лице....и слични работи
    Научив дека секој има поминато нешто тешко во животот.
    Некои модни трикови.
    Научив како да се однесувам во животот...од некои ваши совети :*
     
  12. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    хаха скоро се зачленив на форумов, но претходно често ги читав темите во него, дознав многу различни искуства од вас
     
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кога се зачленив овде бев празна црпка...
    Овде научив многу. Најпрво почнав од добро изразување, трпеливост, научив дека секој е различен на свој начин... :rofl:
     
  14. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Не помина многу време откако се зачленив, но за ова кратко време воочив дека секој си го живее својот живот, има свои доживувања, размислувања и ставови. Се надевам уште многу ќе научам :) Поздрав феминки :*
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Mногу, многу, многу нешта!!!!!!!!!!
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Првенствено храброст која ми беше потребна да се зачленам , со оглед дека сум постара од вас :)
    Потоа мислењата се нижеа едно по друго .
    Научив да споделувам , болка и радост.
    Дознав доста полезни работи, кои може да ми користат .
    Дознав дека има доста интелегентни членови.
    Дознав дека споделената болка помалку боли , а споделената радост повеќе расте. :f:
    Запознав една членка на која и се восхитувам со целото срце, и ако е скромна . :angel:
    Потикнав, неколку помлади личности да се зачленат.

    Најважно,
    Открив нов дел од мене , за кој не сум знаела дека го имам.
    Голема благодарност до ФЕМИНА. :hai:
     
    На tessie и atala им се допаѓа ова.
  18. pearlll

    pearlll Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    23
    Нова сум и јас , но за кратко време многу работи за нега на лицето , совети за исхрана , многууу работиии :)
     
  19. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Добив многупати помош, совет, разбирање, утеха, информации, поддршка( без која несомнено немаше да успеам да ослабам 15кг) ...
    Најдов место кадешто можам да ги напишам нештата кои кога би била кажани би повредиле личности, би растуриле светови, место кадешто можам да си ги признаам сама на себе слабостите, место кадешто би се чуствувала корисна ако помогнам на некого, девојки со кои делиме исто хоби, слични чуства, проблеми...
    Научив да ги ценам луѓето,научив дека постојат и добри амбициозни малади девојки, научив дека светов има и позитивна страна
    Успеав да сватам дека постојат девојки со мноогу поголеми проблеми од моите кои и покрај тоа се крајно позитивни и весели
    Се потрудив на некои од вас и да им помогнам во прашањето како да искомбинирам и темата образование( напишав неколку есеи и раскажав неколку дела) за љубов и врски не сум експерт( всушност тоа ми е најслаба точка) но сепка се потрудив да го напишам моето мислење

    Се надевам и понатаму ќе се дружиме :D
     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    НАУЧИВ ДЕКА ПОВЕКЕ КЕ ТИ ПОМОГНАТ ЛУЃЕ КОИ ШТО НЕ ГИ ЗНАЕШ ОДКОЛКУ ОНИЕ КОИ ШТО СИ СЕКОЈ ДЕН СО НИВ ;)
     
    На honest girl и feminium им се допаѓа ова.