Јас од форумот добив место на коешто можам слободно да си ги презентирам своите ставови на различни теми и со тоа на одредени теми да остварам дури и творечки процес,односно постирањето на мислења на форумот да ми биде како пишување на есеј! Исто така добив и можност да добијам и корисни совети за одредени мои проблеми! И можност да стекнам нови пријатели!
Многу,многуу интересни работи.Сфатив дека сите сме си различни и посебни на свој начин.Секој си го кажува своето,без никаков страв.Секој во свој филм со свои ставови и мислења без разлика дали на нас ќе ни се допаѓаат или не.Научив да ги почитувам туѓите мислења и да ги прифатам како понатамошни совети(зависи за што се работи).Навистина ми е мило што сум член на овој форум. Ве сакам
Уфф... Дефинитивно научив многу работи. Нови информации, совети, искуства за различни теми, различни мислења... Ама научив и дека има многу луѓе што не почитуваат туѓо мислење и мислат дека нивниот став е најточен, па упорно и упорно се обидуваат да го наметнат на другите со спротивни мислења. Женски форум, застапен е пмс-от
Пред се добив неколку искрени пријатели, луѓе на кои можам да им кажам се и на кои можам да им верувам.. Научив да бидам цврста, да имам поголема самодоверба, научив дека морам да се борам за она што го сакам со целата своја сила...
Хммм... Од форумов научив дека жените може да бидат многу злобни, покварени и расипани до коска. Дека во дискусија ќе извадат се што знаат за тебе на лично ниво само за да ти го поткопаат мислењето. Иако тоа што го изнеле нема никаква поврзаност со муабетот. Дека има оговарање можеби и повеќе отколку во реалноста. Ама благодарение на тоа ми се разјаснија некои работи за ова и во реалниот живот. Научив дека некои би направиле сè, би кажале сè, само за да си создадат добра слика тука. Затоа не се верува на секој. Па, како тука, така и во реалноста. После дождот иде сонце нели. Или едно виножито. Добрата страна што ја увидов е дека постојат луѓе кои дури иако не те познаваат лично ќе ти помогнат во било кое време. Ќе ти дадат искрен совет и совет од срце, можеби баш поради тоа што не се познаваме, па полесно е да се биде објективен. Ама за разлика од оние првите(злобните) има и многу, многу други кои знаат да помогнат баш кога треба и сум многу благодарна за тоа. Форумов и форумџиките ми се нашле во многу ситуации и ми помогнале да излезам од лошото место во кое знам да западнам. Научив дека добрината се уште ја има, дека светот не е полн со луѓе што ќе те разочараат. Во голема мера пораснав тука, ми се отворија очите за многу работи, па можам и во реалноста подобро да се сносам со проблемите. Ај да не го дрвам, фала и пријатно.
Добив неколку пријателки со кои што сум многу блиска, а веќе со една лично се знам, а наскоро ќе се запознаам со уште една блиска феминка. Научив да се изразувам повеќе литературно, а и некои правописни правила тука ги научив, што ми е огромен плус за во иднина. Научив дека има многу лицемерие и оговарање, иако сепак, порано бев многу помалечка, полека се ми јасно. Научив дека секогаш треба да се бориш и да не се предаваш. И дека сепак добрината сеуште постои, но во помала мера од порано. И то би било то.
Научив дека постојат лицемерни луѓе,и тоа многу..но дека сеуште има такви луѓе кои што се верни,друштвени и добри. Научив многу работи исто така..Прочитав многу корисни мислења,си најдов неколку добри виртуелни другарки..со 2 дури и ФБ си се допишувам И секако научив дека колку некој да те турка,ти треба секогаш да бидеш јак и да не му дозволиш да те дотурне
Научив дека не треба да се предавам. Прочитав многу случки кои ме мотивираа секогаш да продолжам понатаму и да не се вртам назад да го гледам нередот. Научив и дека сеуште постојат добродушни луѓе кои во секој момент се спремни да помогнат, а тоа се повеќето феминки Знам дека можам да ви се обратам за се и да немам страв дека некој ќе ме издаде Сепак не е тоа се. Со секој нов ден учам се повеќе и повеќе работи кои навистина ми помагаат во секојдневниот живот
Научив дека има многу добри личности кои би ти помогнале во секое време и дека секој си има свое ЈАС.
Памет! Малче чудно ми е што некој анонимен од интернет, го чуствувам за поблизок, одколку некој што со години го познавам! Тука ја имам таа слобода да се искажам, што пред познаниците не можам!
Ех,користа од форумов. Пред се сакам да кажам дека форумов ме запозна со некои личности,со кои можеби засекогаш ке останам само виртуелна пријателка,но сепак,форумот ме запозна со толку прекрасни личности кои ме советуваа,караа,расположуваа,разочаруваа(некогаш),ме тешеа... Продолжувам со мојот реферат, не сум некоја си стара форумџика,ама година и неколку месеци се дружам со вас.Форумот знаел да биде и подобро место за релаксирање,но,да го оставиме тоа сега.Го читав форумов,си велев „Фини неки људи овде...“ и се зачленив.По моите први мислења (немојте ни да пробате да пребарате за нив! ) ќе сфатите дека многу сум била неискусна и,да речам,глупава.Не ми беше гајле нит за кирилица,нит за стилот со кој пишувам...со тек на времето си го збогатував речникот-читајќи ги прекрасните мислења во СДК,и во некои други теми.Многу поубав и почист израз имам сега,и виртуелен и...како се вика тоа...реален?И,ете,толку од чистиот израз!Нејсе,да не должам,значи,форумов ми го збогати речникот на изразување. Потоа,низ категорииве читав многу ваши искуства.На пример читав ваши искуства со одредени продукти.Форумот,односно вие ми помогнавте да си го најдам совршениот шампон за коса,лосион против акни кој навистина делува и многу други слични работи. После тоа следат вашите искуства со одредени ситуации кои ги прочитав низ темите.Има и лоши,има и добри искуства.Но,сепак токму тие ваши искуства што си ги запечатив во главата ми се најдоа „при рака“ во слични ситуации.Што значи,форумот индиректно ми помогна за некои работи во животот. Сега се на ред,маратонот од совети кои ми ги дадовте кога ке се пожалев за нешто,кога ке прашав нешто...ги послушав советите за кои мислев дека се точни.Некогаш погрешив,некогаш погодив,но,сепак,како што реков некогаш вашите совети ми значеле живот.Па,од форумот добив совети,за кои сум многу благодарна. Сега доста од добитоците,нешто по конкретно: Што научив од форумов? Научив дека секој има свое мислење.И секој има право да го искаже тоа мислење. Научив дека добрите личности треба да ги бараме на точното место,ако сакаме да ги најдеме. Но, на форумов и виртуелно се покажа дека има дволични луѓе,безобразни,дрски,злобни...форумов уште еднаш ми докажа дека сепак не е се розово,но,не е ниту се црно. Се на се,форумов се покажа навистина корисен и е место каде што можеш да си ја отвориш душата,каде што можеш да се испуцаш,каде што можеш да ја споделиш својата среќа...
Профилов ми е одамна и не го користам лесто но научив многу работи прво дека нема погрешни мислења туку различни дека секое поединечно треба да се почитува па дури и да не ни се допаѓа дека сите си имаме свое јас и на крај дека ние жените сме стварноо комплицирани
Хмм во моите 4 накај 5 год научив доста , прво научив работи за девојките и жените , така да моето 1 процент знаење се зголеми на 43 проценти и највероватно таму ќе остане бидејќи другото е премногу тешко или пак комплицирано да се разбере.... Научив многу нови зборови и нивните значења , еве на пример порано кога ќе Lilit ќе напишеше пост требаше секој втор збор да идам да прашам Гугле или пак баба и дедо ... сега веќе читам све , иако признавам од време на време ќе извади збор што , не ни знаев дека има таков збор во речникот на Р.М. Научив и тоа како повеќето гледаат на одредени работи и така. Едно забавно и долго искуство.