,Дека пороците прават да ти е убаво додека не те направат зависен, а зависен стануваш многу брзо, после тоа следува коктел од завист и незадоволство, ќе научиш многу, на потешкиот начин, или од љубопитност, или зошто немало кој да ти го каже полесниот. На крај или ќе се излечиш или ќе мислиш дека никогаш и не си се разболел......проблемот кај зависниците не е дека тешко се лекуваат, туку дека несакаат да прифатат дека се болни
Од форумов научив да ги сакам луѓето, да ги сакам сите луѓе, да ги сослушам и почитувам туѓите мислења.
Научив дека има секакви судбини, проблеми, среќи, несреќи, нешто што сум мислела дека е необично всушност било сосема нормално, научив да бидам поотворена.
Од форумов ништо не добив (не ми е тоа соодветен израз баш), но на форумов стекнав пријатели и можеби во иднина со дел од нив и вистински ќе се запознаам, којзнае. А од форумов научив дека има секакви карактери, па дури и такви какви што не сум можела ни да замислам, дека луѓето кога се кријат зад анонимноста знаат да бидат и бескрупулозни, но други знаат и да си го задржат карактерот. А трети се претставуваат такви какви што всушност не се и се обидуваат да живеат нереален живот. Четвртата категорија ми се тролови кои немаат попаметна работа во животот и ништо сериозно не сфаќаат, а голем дел од нив се покажале и како потенцијални психопати или манијаци. Исто така научив и дека има доста луѓе кои немаат допир со реалноста и не можат да ги разберат проблемите кои се' повеќе го претрупуваат секојдневието, било да се работи за животна ситуација, финансии, болест или некоја здравствена состојба. Но научив и дека има луѓе кои се зрели, промислени и полни со разбирање кон другите и дека секогаш се подготвени да помогнат и да дадат совет. Тие треба да се почитуваат и да не се злоупотребуваат. Исто така, од форумов научив дека никој не можеш да го убедиш дека греши (кога греши во врска со нешто), без разлика колку аргументи, факти и докази ќе му изнесеш. Секој е со своето убедување. Ајде доста е засега.
Не сум научила ништо повеќе од она што сум го видела на други форуми. Секаде е исто. Секаде има кланови, тролови, луѓе што во реалниот живот се едно, а во виртуелниот нешто сосема друго. Секаде се прават дружби надвор од форумот, па после некако се губи објективност и се зазема ставот на некој што ти е поблизок. Ништо ново. Само што со оглед на тоа дека овде сме 95% жени, некако повеќе драматизираме во одредени ситуации, па од мравка правиме слон
Научив дека секој кажан поим не секој го сваќа на ист начин.. еден збор има милион значења. Научив и добив многу позитивност и елан од многу мили и исјрени луѓе. Научив дека човечност сеуште постои. Добив многу мили и драги луѓе.. Со еден збор инспирација, позитивност, умешност и креативност.
Научив дека младите си се млади, старите стари..и никако не одат заедно во комбинација..штета... колку и да напредува технологијата,прашањата за сексот, љубовта и неверството ке останат вечито исти. Научив дека човек може да има форумска љубов, да му чука срце побрзо читајќи негови постови а не му знаеш ни очи каква боја му имаат... Научив дека преку витруелното дружење пак се осеќа харизмата на некои ликови и лошотилукот на троловите.. Научив дека нема бегање лесно од форумов, пак ке се навраќаш каде и да одиш
Ова што си напишала се точно , кога кажав што ми се случи за брак свекрва сопруг ,ти многу добро обjасна коj е крив а jас пак по мое дури и намерно возвракав Вистина се различно сватено . ИЗВИНИИ ОД СРЦЕ.
Жал ми е што во претходниот пост повеќе ги истакнав негативните аспекти на форумов, па сакам да се надополнам сега. Научив и дека не мора да се познаваш со некого, за да се чувствуваш како да го знаеш со години и како да се дружите интензивно, иако разговарате преку допишување. Научив и дека има многу талентирани личности собрани на едно место, што за уметност, што за фотографија, за пишување, за облекување и шминкање, за готвење, за делење на совети... Луѓе кои инспирираат. Научив и дека на едно место се собрале и многу убави девојки, што многу ме изненади и позитивно ме изненади. Научив дека со еден поздрав, убав збор или виртуелна гушка можеш многу да развеселиш некого кому му е тешко во дадениот момент. Научив дека понекогаш може да се развие и убава и квалитетна дискусија на одредена тема без да има расправии. Има тука и доста позитивни работи.
Од форумов не научив нешто што веќе не го знаев НО Читав луѓе со различни погледни од моите.Убаво е да прочиташ како размислуваат луѓе. Сретнав луѓе кои немаат основна култура и писменост а се дел од интелектуалното миље (барем така се претставуват) Увидов дека и тука како и во секојдневието има лигавења, озборувања...никогаш нема да се искорени тоа. Комуницирав со нереализирани ,,госпожи,, на кои единствен прозорец кон светот им е форумов Убаво е што запознав прекрасни луѓе од кои има што да се чуе и научи
Нешто којзнае што не научив, но сепак има теми каде што сакам да прочитам туѓи мислења и искуства кои ми служат како примери. Ама најбитно од се е што склопив виртуелни пријателства со луѓе кои почнав премногу да ги сакам иако не сум ги видела никогаш во животот. Нема поубаво нешто од пријател, уште и ако ти е забавно со него.
На форумов се здобивам со секојдневни информации, додека бев бремена, сега со бебешки живот, размена мислења, искуства, потоа другите општи информации: околу попусти, козметика, книги, воопшто секојдневието: од совети за дамки или помош за машини за садови до предлог и/или помош при куповина на било што со споделени искуства, мислења, совети. Во тој поглед ме збогатува. Друго, избрав неколку членки за кои сум уверена дека пишуваат литературно и го учам јазикот од нивните постови и како полесно да се изразам. Македонски не ми е прв јазик, и можам да кажам дека форумов многу ми помогна и ми помага и понатаму. Трето, убаво е да имаш виртуелни познанства. Не се исто ко реални, ама со пишаното го излеваш дел од својата душа и интересно е да ги читаш различни карактери како се справуваат во одредена ситуација или реагираат на истата. Тоа позитивно влијае и на моето справување надвор, во реалноста, со различни луѓе, полесно прифаќајки различитости и правејќи ме пофлексибилна. И потолерантна
Од форумов ништо не научив што до сега не го знаев . Запознав драги членки , кои некои ги сретнав и во живо . И мили ми се . @Mrs.Bass би сакала да имам пријателка како неа . Мила и драга ми е . Имам и повеќе кои ми се драги и ги читам редовно . Споделувам и добивам совети околу бременоста , деца и сл . Се на се тоа е тоа.
Искрено, на форумов се зачленив од љубопитство и затоа што не сум користела македоски форум никогаш, а корисник сум на многу други кои се обично врзани со моите хоби активности. Не очекував дека ќе го користам често, туку повремено, ама тука сум се зезнала очигледно со пресметките, зошто еве, секој ден сум овде. Како што напиша Скај, има многу што да се научи и има доста корисни информации кои фемките несебично ги споделуваат на бројните теми. Разновидноста на темите, дури и нивниот прекумерен спектар, во кој секој може нешто интересно и поучно да си пронајде е една од најпозитивните страни која јас ја гледам на форумот. Генерално, корисен е за многу нешта според мене, јас сум тип кој сака да учи и извлекува нови сознанија и од позитивните, па и од негативните работи тука. Штом сум се уште на форумов, значи нешто ми го задржува вниманието за да го користам.
Bravo za aktivnosta na clenovite koi navistina pomagaat vo razlicni situacii, sekoja pomos, idea e dobredojdena. Sepak postoi kakva takva svetla idnina vo drzavava
Пред се не сум многу време тука скоро една година во март. Во текот на овие месеци пред се научив дека што и да се случи во мојот живот нема да бидам сама бидејќи ве имам вас, некогаш можеш да добиеш многу добар совет, мислење па дури и рамо за плачење од некој кој не го познаваш. Научив дека пријателството е свето и треба секојдневно да се негува, научив да бидам секојдневно тука за оној кој му е неопходна помош макар и за ситница. Научив дека таму некаде некој навистина се грижи за тебе..... Ете така и да си знајте сите дека ве сакам